Милениумска банка на семиња

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зградата на Милениумската банка на семиња
Семиња на Bixa orellana
Семиња на Ravenala madagascariensis

Милениумската банка на семиња (англиски: Millennium Seed Bank Project) е меѓународен проект за заштита и запазување на растителниот свет под водство на Кралските ботанички градини во Кју. Проектот е лансиран во 2000 г. [1] и физички е сместен во просториите на Милениумската зграда на фондот Wellcome Trust, која се наоѓа во паркот на дворецот Вејкхерст во Западен Сасекс. Има за цел да обезбеди „осигурување“ против изумирањето на растенијата во дивината со складирање на нивните семиња за понатамошна употреба. Складиштето се состои од големи подземни замрзнати комори кои ја чуваат најголемата збирка семиња на светот. Иницијатор на проектот е Д-р Питер Томпсон, а од 1980 негов раководител е биологот Роџер Смит. [2] Во 2000 г. Кралицата го наградила Смит со Орден на Британската империја за неговите заслуги за овој проект.[3]

Во соработка со други биоразновидносни проекти ширум светот, банката праќа експедиции кои собираат семиња од сите сувоземни предели. Кадешто е можно, семињата се чуваат во самата земја, а на Милениумската банка на семиња ѝ се испраќаат дупликати за складирање. Крупни партнерства постојат на сите континенти, што им овозможува на земјите-учеснички исполнуваат меѓународни зацртани цели како such as the Глобалната стратегија за заштита на растенијата и Милениумските развојни цели на Програмата за животната околина на ООН.

Во месец април 2007 г. проектот го депонира своето милијардито семе [4], Oxytenanthera abyssinica, вид африкански бамбус.

Во месец октомври, 2009 г. проектот ја достигнува целта за собирање на 10% од растителните видови на светот со додавањето на Musa itinerans, вид дива банана, во ризницата.

Цели на проектот[уреди]

Главните цели на проектот [5] се следниве:

  • да се соберат семиња од 24.000 видови на растенија до 2010 г, што претставува 10% од сувоземната флора во светот, (архивирано во октомври 2009. [6]).
  • да се соберат семиња од сета локална флора на Велика Британија.
  • понатамошни истражувања за заштитата и запазувањето на семињата и растенијата.
  • да се делува како средишна точка за истражувањата во оваа област и да се поттикнува јавниот интерес за неа.

Меѓународни пратнерства[уреди]

Проектот има партнерства во Австралија, Мексико, Чиле, Кенија, Кина, САД, Јордан, Мали, Малави, Мадагаскар, Буркина Фасо, Боцвана, Танзанија, Саудиска Арабија, Либан и ЈАР. Австралија е од особена важност бидејќи нејзината флора сочинува 15% од вкупниот број на видови во светот, со троа што 22% од нив се востановени како загрозени од изумирање[7].

Запазување на семиња[уреди]

Со нивното пристигнување, семињата се чистат и се потврдува нивната таксономска идентификација. Потоа се сушат, пакуваат и складираат во комори на температура под нулата. Смињата се ‘ртат од време-на време за да се добијат доволно семиња за истражување, но и за да се провери нивната употребливост и условите на чување. Ако во дивина настане недостиг од некои растенија, складираните семиња се одгледуваат во растенија и нивните семиња се дистрибуираат кадешто е потребно. Сите семиња се даваат на установите на непрофитна база, заснована на заемна соработка.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. UK Clearing House Mechanisms for Biodiversity [1] пристапено на 9 јуни 2007
  2. http://www.kew.org/science-conservation/conservation-climate-change/millennium-seed-bank/about-the-msb/our-history/index.htm
  3. http://www.independent.co.uk/news/new-year-honours-1135267.html
  4. Black, Richard BBC News, 26 април 2007 Ризницата на растенија надминува една милијарда видови со [2], пристапено на 9 јуни, 2007
  5. "A Year at Kew - the Millennium Seed Bank" [3] пристапено на 9 јуни 2007
  6. http://news.bbc.co.uk/1/hi/sci/tech/8305456.stm
  7. Australian partnership project [4] пристапено на 9 јуни 2007

Надворешни врски[уреди]