Миланско војводство

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Миланско војводство
Ducato di Milano
Ducatus Mediolani
вазал

1395–1797

Знаме

Главен град Милано
Јазици Insubric - италијански
Вероисповед Римокатоличка црква
Уредување Кнежевство
Duke
 -  1395–1402 Џан Галеацо Висконти
 -  1792–1797 Франц II
Историски период Early Modern
 -  Империјална Диплома 11 мај 1395
 -  Амброзиска република 1447–1450
 -  Војводство на Сфорца 1450-1499, 1512-1515, 1521-1535
 -  француска управа 1499–1512, 1515-1521
 -  шпанско владеење 1535–1706
 -  Договорот од Кампо Формио 17 октомври 1797
Валута лира, солдо, денаро

Миланското војводство (италијански: Ducato di Milano) е историска држава која се наоѓала на територијата на денешна Италија. Војводството било создадено во 1395 година како вазална држава на Светата Римска империја а престанало да постои во 1797 година кога Наполеон Бонапарт извршил инвазија во денешна Италија.

Војводството било создадено на 1 мај 1395 година од Џан Галеацо Висконти [1], лорд на Милано и прв милански војвода. Кога династијата Висконти изумрела во 1447 година, Милано се прогласил за република а на чело на земјата застанал Франческо Сфорца кога успеал да се ожени со ќерката на последниот милански војвода. Династија Сфорца со Милано владеела до 1535 година.

Во 1498 година, војводата од Орлеон станал крал на Франција под името Луј XII. Веднаш по застанувањето на тронот тој ја побарал круната во Милано бидејќи сметал дека го наследил од неговиот татко. По одбивањето од страна на Сфорца следувала инвазија во 1499 година во Северна Италија каде успеал да го симне од престолот на Лудовико Сфорца. Франција со Миланското војводство владееле до 1512 година, кога со помош на Швајцарија на чело на земјата бил поставен Масимилијан Сфорца, син на Лудовико. Новиот француски крал Франсоа I во 1515 година повторно го нападнал војводството и го заробил на Масимилијан. Со Милано французите владееле до 1521 година кога Австријците на власт го поставиле Франческо Сфорца II, брат на Масимилијан.

По францускиот пораз во битката кај Павија во 1525 година, Франческо Сфорца се придружил кон сојузот против царот заедно со Венецијанската република, Фиренската република, папата и Франција. По неговата смрт во 1535 година тронот останал без наследник, па земјата повторно била воведена во војна помеѓу Светата Римска империја и Франција. Во 1545 година било основано Војводство Парма, јужно од реката По. Карло V успеал да го завладее војводството по потпишувањето на мировниот договор.

Под власта на Шпанија војводството останало до почетокот на борбата за шпанското наследство во 18 век, кога било освоено од страна на Австрија. Под австриска управа останало до почетокот на Наполеонбските војни кога во 1796 година престанало да постои. По поразот на Наполеон, според мировниот договор од 1815 година Миланското војводство не било обновено туку било вклучено во составот на Кралство Ломбардија-Венеција кое пак престанало да постои во 1866 кога било припоено кон Кралство Италија.

Наводи[уреди]