Микроеволуција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Микроеволуцијата го означува распространувањето на мали измени во фреквенцијата на алелите во една популација во текот на неколку генерации, односно тоа се еволуциските промени на внатревидово ниво. Ваквите измени се случуваат поради следните процеси: мутации, природна селекција, вештачка селекција, проток на гени и генетски дрифт. Овие измени водат до дивергенција на популациите од еден вид и, на крајот, до специјација.

Популационата генетика е гранка на биологијата која дава математички апарат за изучување на микроеволуциските провеси. Еколошката генетика ја набљудува микроеволуцијата во реалноста. По правило, набљудуваните процеси на еволуцијата се примери на микроеволуција, на пример, образување на соеви од бактерии кои се отпорни на антибиотици.

Микроеволуцијата е често споредувана со макроеволуцијата, која претсатвува значителна измена во фреквенцијата на алелите на популациско ниво во рамките на голем геолошки временски интервал.

Втор поим кој се користи најчесто во микроеволуцијата е поимот видообразување или специјација.