Мехди-бегова џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Местото и остатоците од архитектонската целина на Мехди-беговата џамија (Џамија на Хисети) — национален споменик на Босна и Херцеговина. Заштитениот споменик се наоѓа во Бања Лука во Република Српска во Босна и Херцеговина. Националниот споменик се состои од џамија, џамиски харем со нишански надгробни споменици сместени спроти џамијата. Мехди-беговата џамија била прогласена за Национален споменик на Босна и Херцеговина на 6 декември 2003 година.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Мехди-беговата џамија се наоѓа на левиот брег на реката Врбас, помеѓу Долен и Горен Шехер. Изградена била на улицата Козарска и со неа раководи Управниот одбор на Исламската верска заедница на Бања Лука. Точната година на изградба не е позната. Познато е дека не постоела на пописот во Босанскиот Санџак во 1604 година. Се претпоставува дека е изградена на почетокот на 17 век, бидејќи се споменува во вакаф-намите на Сефер-спахија од 1618 година. Други историски пишани податоци за оваа џамија не се познати.

Опис[уреди | уреди извор]

Мехди-беговата џамија е еднособна зграда со четири засводени покриви и минаре од дрво. Според податоците од 1983 година, покрај оваа, уште седум џамии во Бања Лука имале дрвени минариња, а најголемо било минарето на Мехди-беговата џамија. Софите, кои се наоѓале пред џамијата, биле заѕидани по завршувањето на Втората светска војна. Покривот е од дрвена конструкција и покриен со бибер ќерамиди. Минарето претрпело неколку промени низ историјата, а предвоениот изглед датира од реконструкцијата по разорниот земјотрес што ја погодил Бања Лука во 1963 година.

Дел од џамискиот харем се наоѓа веднаш до џамијата, а другиот дел се наоѓа преку улицата. До самата џамија има околу 15 надгробни споменици без натписи и со забележителни оштетувања.

Џамијата била урната за време на граѓанската војна во Босна и Херцеговина на 4 јули 1992 година, а повторно реконструирана и обновена по 2000 година.

Досегашна заштита[уреди | уреди извор]

Националниот споменик немал претходна заштита ниту бил во регистерот на културни добра. На 6 декември 2003 година, Комисијата за зачувување на националните споменици во Босна и Херцеговина, локалитетот и остатоците од архитектонскиот комплекс на Мехди-беговата џамија (Џамија на Хисети) ги прогласила за национален споменик.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

    • 1953. Бејтић, Алија, Бања Лука под турском владавином, Архитектура и територијални развитак града у 16. и 17. вијеку, Наше старине И (Годишњак Завода за заштиту споменика културе СР Босне и Херцеговине), Сарајево.
    • 1975. Бања Лука, Урбанистички план, Документација, Хисторијски развој и наслијеђе, Културно-хисторијско наслијеђе, Урбанистички завод Бања Лука.
    • 1990. Хусеџиновић, Сабира, Вакуфнаме-значајни хисторијски извори за упознавање урбане топографије Бањалуке XВИ-XИX вијека, Гласник архива и Друштва архивских радника Босне и Херцеговине, год. 30, Сарајево.
    • 1998. Мујезиновић, Мехмед, Исламска епиграфика Босне и Херцеговине, Књига 2, Источна и централна Босна, 3. издање, Сарајево
    • 1999. Бећирбеговић, Маџида, Џамије са дрвеном мунаром у Босни и Херцеговини, 2. изд., Сарајево.
    • Архитектонска документација настала до 1995 (извор: цртежи преузети од Др. Сабире Хусеџиновић).
    • април 2000. Елаборат Бањалучког муфтијства о стању исламске заједнице, сакралних и културних објекта и вакуфске имовине, Бања Лука.
    • 2000. Опширни попис босанског санжака из 1604. године, Св. ИИИ (Назив оригинала: Дефтер-и-муфассал-и лива-и Босна цилд салис, Анкара, Тапу Кадастро, Куyûд-1 Кадîме Арşиви ТД 479), Сарајево: Бошњачки институт Зűрицх, Ођел Сарајево: Оријентални институт.
    • 2003. Хусеџиновић, Сабира, елаборат о мјесту и остацима џамије на Хисетима (Мехди-бегове џамије) израђен за Комисију за очување националних споменика на основи грађе у рукопису необјављене књиге: „Документи опстанка, џамије у Бањој Луци“.

Извори[уреди | уреди извор]