Мејџи (период)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Периодот Мејџи (јапонски: 明治時代 мејџи џидај, значи - период на Просветено Владеење) траел 45 години од 23 октомври 1868 до 30 јули 1912 за времето на тогашниот јапонски цар - Муцухито.
→ 1868 [уреди]
Пред Мејџи периодот Јапонските цареви немале моќ и едноставно претставувале фигура. Јапонија била регулирана од страна на неколкуте моќни самураи (генерали) со воена диктатура преку кои со векови било одлучено државата да биде изолирана и да нема контакт со надворешниот свет.
1868 → [уреди]
Со самиот почеток на овој нов период, било решено Јапонија да ги отвори своите граници на светот и да ја започни нејзината модернизација со што брзо се докажала како светска сила.
Политичарите од тоа време донеле 5 главни цели со кои добиле огромна подршка од населението во формирањето на новата влада. Тие биле:
- Воведување на парламент
- Вклучување на сите класи во државни работи (без обврска дали од самураиска фамилија или не)
- Социјална и работна слобода за сите класи
- Заменување на старите закони и обичаи со нов законски систем
- Ориентација кон меѓународно државно искуство за зајакнување на царството
По периодот Мејџи, започна Периодот Таишо со новиот цар - Јошихито во 1912.