Медитерански игри - 1955

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
II Медитерански игри
Барселона 1955
Град домаќин Барселона, Шпанија
Број на држави 10
Број на спортисти 900
Број на спортови 20
Број на натпревари 102
Отворање 16 јули 1955
Затворање 25 јули 1955
Стадион Олимписки стадион

Вторите Медитерански игри се одржале во Барселона, Шпанија. На игрите учествуваче 900 спортисти (сите мажи) од 10 земји-учеснички. Настанот се одржал од 16 до 25 јули 1955.

Свечените церемонии на игрите се одржале на Олимпискиот стадион, која бил изграден за одржување на светската изложба во 1927, а градот со овој стадион бил кандидат за домаќин на Олимписките игри во 1936. На овој стадион, биле одржани свечените церемонии на Летните олимписки игри - 1992.

На овие Медитерански игри, за прв пат бил употребен симболот, амфора исполнета со вода од Средоземното Море.

Освојувачи на медали[уреди]

Табелата е составена според бројот на освоени златни медали. При ист број на златни медали, се зема предвид вкупниот број на сребрени, а потоа и вкупниот број на бронзени медали. При еднаков број на освоени златни, сребрени и бронзени медали, местото е исто за сите земји со ваков резултат, при што во табелата се подредени по азбучен редослед. Овој систем го користи и МОК.

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Франција 39 29 31 99
2  Италија 32 27 22 81
3 Flag of the Spain Under Franco.png Шпанија (домаќин) 12 15 18 45
4 Египет Египет 9 20 17 46
5  Турција 8 3 3 14
6 Flag of Greece (1822-1978).svg Грција 1 7 8 16
7 Либан Либан 1 1 4 6
8 Сирија Сирија 0 0 1 1
Вкупно 102 102 104 308

Надворешни врски[уреди]