Матка (кањон)
Кањонот Матка зафаќа површина од околу 5.000 ha и се наоѓа на 17 km југозападно од Скопје, тој претставува кањон на реката Треска, која е десна притока на Вардар. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми - десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри[1].
Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на глацијалниот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемични растенија и животни.
Од вкупниот број на 1.000 видови на растенија, 20 % се ендемити или реликти. Од терциерните реликти, позначајни се кошаниновата темјанушка (Viola kosaninii) и наталиевата рамонда (Ramonda nathaliae). На локалитетот Матка се откриени 2 нови видови на вистински пајаци и 5 лажни скорпии. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката.
Содржина |
[уреди] Културно-историско наследство во кањонот Матка
Поради особеностите на самиот терен и тешката пристапност која нудела поголема сигурност, во минатото во кањонот Матка биле изградени поголем број на цркви и манастири и останати сакрални објекти. Поради големиот број на цркви и манастири, Матка го носи и името света гора. Денес постојат повеќето цркви од средновековниот период, поголемиот дел се зачувани во целост, а некои се во рушевини или постојат само нивни темели. Во кањонот Матка постојат следниве цркви и манастири:
- Манастир „Успение на Пресвета Богородица“
- Манастир „Свети Никола“ Шишевски
- црква „Свети Андреја“
- црква „Свети Спас“ со остатоци од ранохристијанските цркви „Света Троица“ и „Свети Ѓорѓија“
- црква „Света Недела“ (во рушевини)
Покрај верските објекти, високо во кањонот Матка, стојат и остатоците (ѕидинитие) од некогашната средновековна крепост Марков Град. Таа била изградена како збег за населението и манастирските цркви, во времето на доаѓањето на Османлиите.
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ Stefanka Hadži Pecova, Mihailo Zikov, Pene Penev, Dušan Manakoviḱ, Rade Drenkovski, Ilija Drozdovski, Vera Korobar, Biserka Filipova, Stefan Bužarovski, Malinka Ristevska Jordanova (1999). „Planinskiot masiv Jakupica: istražuvanje i vrednuvanje na prirodnoto bogatstvo“. Studentski zbor.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Матка (кањон)“ |
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |