Манастир (Жировница)

Координати: 41°40′27″N 20°35′8″E / 41.67417° СГШ; 20.58556° ИГД / 41.67417; 20.58556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастир

Карта

Местоположба 41°40′27″N 20°35′8″E / 41.67417° СГШ; 20.58556° ИГД / 41.67417; 20.58556
Основни податоци
Место Жировница
Општина Маврово и Ростуше
Тип

 населба  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Манастир или Црквиштеархеолошко наоѓалиште во гостиварското село Жировница. Претставува средновековна населба, сакрален објект и некропола. Се наоѓа на 2 км источно од селото, високо над левиот брег на Жировничка Река, каде на неколку тераси се гледаат грамади од градежен материјал: кршен камен, варов малтер и покривни ќерамиди. На крајниот североисточен дел од лоалитетот, помеѓу две карпи со вертикални ѕидови кои затвораат правоаголен простор со димензии од 15 × 6 м се среќаваат поголеми кршени камења, а во карпите дупки за инсталирање на покривна конструкција кои упатуваат на сакрален објект. На крајниот југозападен дел од наоѓалиштето се гледаат гробни могилки од кршени нафрлени камења и периметрални ѕидови од сакрален објект градени од кршен камен и варов малтер. Во приватна нива се откриени темели од ѕидови на сакрален објект и гробови од камени плочи. Населбата има доминантна местоположба во долината на Радика.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Поповци — средновековна црква и некропола;

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069