Манастириште (Костинци)

Координати: 41°30′6″N 21°24′24″E / 41.50167° СГШ; 21.40667° ИГД / 41.50167; 21.40667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастириште

Карта

Местоположба 41°30′6″N 21°24′24″E / 41.50167° СГШ; 21.40667° ИГД / 41.50167; 21.40667
Основни податоци
Место Костинци
Општина Долнени
Тип

 неопределено


Период непознат период
Портал „Археологија“

Манастириштеархеолошко наоѓалиште во прилепското село Костинци. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и е од непознат тип. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека северозападно од селото, во близина на железничката пруга се забележуваат остатоци од градба. По површината на земјата видливи се тули, бигорски и обични градежни камења, како и остатоци од фрески. Во 1933 година тука била откопана и плоча со релјефи. За време на Втората светска војна голем број од пронајдените артефакти биле однесени во Бугарија од страна на бугарските војници. Во близина се наоѓа и неистражената некропола Капина.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998