Малата Сирена (цртан филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Малата Сирена (англ. The Little Mermaid) е американски цртан филм од 1989 година во производство на компанијата Walt Disney Pictures. Тој се наоѓа на 28-то место на листата најдобрите цртани класици на Волт Дизни.

Расплет[уреди]

Во цртанот се работи за малечка сирена која упорно сака да го види светот на луѓето, но нејзиниот строг татко и забранува. Сепак таа скришно собира предмети од потонатите бродови на луѓето и ги собира во една пештера. Луда по авантури Ариел се издига на површината на морето каде што ќе здогледа брод на кој има забава. Таа се доближува до бродот и го здогледува принцот Ерик на кому му е роденден. Кога ќе настане несреќа на бродот принцот Ерик паѓа во водата без свест. Таа го спасува и го носи до брегот, кога тој ќе се освести таа си заминува во водата. Ариел ќе се заљуби во Ерик и ќе посака да биде вечно покрај него. Со тоа таа ќе биде спремна да ја плати цената на морската вештерка Урсула, за да и створи нозе. Филмот исто така е мјузикл со прекрасна музика која ќе допри до многу малечки срца.

Надворешни врски[уреди]