Макроација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Макроација (македонски: Макроација македонско-хрватско пријателство, хрватски: Macroatia Makedonsko-hrvatsko prijateljstvo) е проект чијашто цел е зближување и меѓусебно поврзување на двете култури и двата народа, како и споделувањето на заедничките вредности. Проектот е објавен на 6 јуни 2009 во Штип и е резултат на проектот наречен „Спектар“ на Astrid Megard Sollid од делот за демократија и учество од 16 мај 2006, објавен во Стеинкјер, Норвешка, и за неполн месец веќе имал над 150 поддржувачи. Денес(21 февруари 2011) Макроација брои над 3000 поддржувачи, кои на најразличен начин ја поддржале идејата. За свој симбол на обединувањето многумина го сметаат ликот и делото на Тоше Проески. Дел од идејата за овој проект е достапна и на фејсбук.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името Макроација се добива со комбинација на првите 3 букви од името Македонија и латинската верзија на Хрватска, Кроација. Името е авторско дело на основачот Мартин Каровски.

Интереси[уреди | уреди извор]

Примарниот интерес е создавање на многу врски и пријателства, кои ќе помогнат овие два мали народа подобро да се интегрираат и да почувствуваат поголема „отворена зона“, во која ќе комуницираат меѓу себе како еден народ. Покрај примарниот интерес постојат и други интереси, претежно подобрување на економската состојба со воспоставување на бизнис врски, како и размена на работоспособни лица според потребите на Хрватска и Македонија.

Принципи[уреди | уреди извор]

Во проектот за организацијата постојат и јасно дефинирани принципи на функционирање, меѓу кои и:

  • „Организацијата е обврзана да биде политички неутрална, а во своите редови да прима луѓе од сите етнички заедници и народи, а да им се гарантира и заштита од дискриминација внатре во организацијата.“

Ова посебно се однесува на Албанците, Србите и Бошњаците од Македонија и Хрватска, со цел да не се чувствуваат отфрлено и запоставено, но и покрај тоа поддржувачи од овие етнички заедници се едноцифрени броеви.

Инаку, принципите на работа се изработени според норвешкиот систем на организациите од ваков тип, и Макроација во планот за работа строго да се придржува кон нив.