Луда куќа
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Луда куќа | |
| 250px Логото на последната сезона |
|
| Формат | Ситком |
|---|---|
| Создадена од | Џенифер Сондерс Дон Френч |
| Настапуваат | Џенифер Сондерс Џоена Ламли Џулија Савала Џун Витфилд Џејн Хорокс |
| Земја на потекло | Велика Британија |
| Број на сезони | 5 |
| Број на епизоди | 31 (+8 специјални) |
| Продукција | |
| Времетраење | Околу 30 минути |
| Емитување | |
| Канал на емитување | BBC |
| Емитување | 12 ноември 1992 – 11 март 2005 |
Луда куќа (англиски: Absolutely Fabulous) е британска серија напишана од Џенифер Сондерс, која и ја глуми главната улога, заедно со Џоена Ламли, Џулија Савала и Џун Витфилд. Емитувана е на BBC од 1992 до 2005. Популарен краток назив за серијата е AbFab. Во 2004, дојде на 17-то место на анкетата Најдобриот британски ситком.
Ние имавме прилика да ја гледаме на Сител телевизија.
Содржина |
[уреди] Позадина
Луда куќа никна од џинглот во Френч и Сондерс наречен Модерна Мајка и Ќерка, а во него глумела Џенифер Сондерс како мајката и Дон Френч како ќерката.
[уреди] Дејство
Едина Монсун и Петси Стоун се две незрели пријателки, кои се опседнати со мода, дебелина, алкохол и дрога. Сафрон, ќерката на Едина, тотално се разликува од неа. Едина и Сафи живеат во куќа во Холанд Парк, а Петси најголемиот дел од нејзиното време го поминува таму.
Серијата се врти околу упорноста на Еди да стане славна и успешна и покрај неодобрувањата на ќерка и и константното присуство на нејзината сè посенилна мајка. Однесувањето на Петси често ја вовлекува во конфликти. Голем дел од комедијата во серијата е физичка, обично кога Еди и Петси се пијани или издрогирани. Исто така, конфликтите меѓу Петси и Сафи кога станува збор за Еди се чести.
[уреди] Насловна песна
Насловната песна се вика This Wheel’s on Fire, напишана од Боб Дилан и Рик Данко, а интерпретирана од повеќе артисти.
Додатно, и Pet Shop Boys снимија песна за Comic Relief во 1994, користејќи извадоци од дијалозите во серијата.
[уреди] Прифатливост
И покрај тоа што главните ликови конзумираат алкохол и дрога, се неодговорни и често прават нелегални работи, серијата стекна голема популарност и верна публика, но и лоша прифатеност од некои групи. Серијата беше популарна во Британија, а и во други земји.
[уреди] Други верзии
Хумористичната серија Сибил е американска верзија на Луда куќа, иако ги нема истите карактеристики.