Лорето (регион)
| Лорето Loreto |
|
|---|---|
| — регион — | |
| Местоположба во Перу | |
| Држава | Перу |
| Поделба | 7 покраини и 51 округ |
| Главен град | Икитос |
| Управа | |
| - Претседател | Иван Васкез Валера |
| Површина | |
| - Вкупна | 36.885.195 km2 (14.241.453,4 sq mi) |
| Највисока точка | 220 m (722 ft) |
| Најниска точка | 70 m (230 ft) |
| Население (попис од) | |
| - Вкупно | 884.144 |
| - Густина | 0/km2 (0,1/sq mi) |
| UBIGEO | 16 |
| Повикувачки број | 065 |
| ISO 3166-код | PE-LOR |
| Главни ресурси | ориз, дрво, гума, говеда |
| Индекс на сиромаштија | 70% |
| Процент од БНП на Перу | 2.51% |
| Мреж. место | www.regionloreto.gob.pe |
Лорето (Loreto) е регион во северно Перу. Регионот зафаќа една третина од територијата на државата, што го прави најголем регион во Перу, но сепак е еден од најслабо населениете поради оддалеченоста и присуството на Амазонската прашума. Главен град на регионот е Икитос.
Содржина |
[уреди] Граници
Лорето се граничи, покрај со останати перуански региони, со други држави. Така, на северозапад регионот се граничи со Еквадор, поточно со еквадорските покраини Сукумбиос, Орелана, Пастаза и Морона-Сантијаго. На север се наоѓа Колумбија, односно департманот Путумајо. На североисток, исто така, се наоѓа Колумбија, но со департманот Амазон. На исток од регионот се наоѓа Бразил, поточно бразилските држави Амазон и Акре. На југ се наоѓаат перуанските региони Укајали и Уануко, додека на запад се Сан Мартин и Амазон.
[уреди] Административна поделба
Регионот е составен од седум покраини, кои пак се поделени на 51 округ. Во прилог следуваат покраините со главните градови во загради[1]:
- Алто Амазонас (Јуримагвас)
- Датем дел Марањон (Сан Лоренцо)
- Лорето (Наута)
- Марискал Рамон Кастилја (Кабалокоча)
- Мајнас (Икитос)
- Реквена (Реквена)
- Укајали (Контамана)
[уреди] Наводи
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
- Перуанско-амазонски Истражувачки Институт
- Перуанско-амазонски Информациски Систем
- Официјално мрежно место на регионот
|
|||||||||||