Амазон (регион)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амазон
Amazonas
—  регион  —
Местоположба во Перу
Координати: 6°13′12″ ЈГШ 77°51′59.99″ ЗГД / -6.22, -77.85
Држава Перу
Поделба 7 покраини и 83 окрузи
Главен град Чачапојас
Управа
 • Претседател Мигел С. Рејес
Површина
 • Вкупна 39.249,13 км2
Надм. вис.(гл. град) 2.334 м
Население (2004 проц.)
 • Вкупно 443.025 жит.
UBIGEO 01
Повикувачки број 041
ISO 3166 PE-AMA
Главни ресурси кафе, ориз, овошје, дрво
Портал www.regionamazonas.gob.pe

Амазон е регион во Перу. Регионот се наоѓа во северниот дел од земјата и граничи со Еквадор на север и запад, со Ла Либертад на југ и со Лорето и Сан Мартин на исток. Главен административен центар на регионот е Чачапојас.

Географија[уреди]

Регионот Амазон е воглавно покриен со прашуми и планински венци. Шумската зона доминира (72.93%) и се протега северно сè до границата со Еквадор. Планинскиот дел се наоѓа во јужниот дел од регионот и зазема само 27.07% од вкупната површина на регионот.

Долините и висорамнините во шумскиот дел му дале големо географско значење на регионот, но истото значење е зголемено со патните правци кои одат кон брегот, кои патем се пониски од остатокот на земјата. Така на пример, патниот правец Пасо де Поркулја е на надморска височина од 2.144 метри и тој е најнизок патен правец од сите перуански андски патни правци кои се поврзуваат со Пан-американскиот патен систем.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]