Лидерство
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Лидерство е процес на социјално влијание во кој една личност ја придобива соработката и поддршката на останатите во остварувањето на заедничката цел.
Содржина |
[уреди] Историја
Лидерството е релативно нов феномен, меѓутоа овој концепт брзо се призна во светот, со преку 2000 наслови за лидерството само во САД. Лидерството е најмногу истражувано подрачје од организационото однесување. Кон крајот на триесетите години на 20 век кога во светската литература уште не се знаело за организационото однесување се појавиле првите студии за лидерството. Поентата на овие студии била ефикасно управување со капиталот и материјалните ресурси, целта била да се постигне конкурентска предност по пат на ефикасност. Лидерството се гледа како начин или облик на управување на однесувањето на луѓето како најзначаен ресурс во современото општество. Лидерството се трансформира од статичен стереотипен модел до флексибилен модел на менаџерот.
[уреди] Поим
Постојат речиси толку многу различни дефиниции за лидерството колку што постојат автори кои се обиделе да дефинираат концепт на лидерството. Како позначајни се издвојуваат следниве:
- Лидерството е процес и сопственост. Како процес, лидерството вклучува користење на влијание без принуда. Како сопственост, лидерството е збир на карактеристики својствени за секој поединец за кој се претпоставува дека успешно ќе го примени споменатото влијание.[1]
- Лидерството е меѓуперсонално влијание кое се случува кога една личност е способна да добие согласност од друга во остварување на саканите цели на една организација.[2]
- Лидерството е динамичен процес на работа во група каде што поединецот, во определен период, во определен организационен контекст, влијае на другите членови на групата своеволно да се обврзат за остварување на целите или задачите на групата.[3]
[уреди] Карактеристики на лидерството
Лидерството е релативно нов феномен, меѓутоа овој концепт брзо се призна во светот, со преку 2000 наслови за лидерството само во САД. Лидерството е најмногу истражувано подрачје од организационото однесување. Кон крајот на триесетите години на 20 век кога во светската литература уште не се знаело за организационото однесување се појавиле првите студии за лидерството. Поентата на овие студии била ефикасно управување со капиталот и материјалните ресурси, целта била да се постигне конкурентска предност по пат на ефикасност. Лидерството се гледа како начин или облик на управување на однесувањето на луѓето како најзначаен ресурс во современото општество. Лидерството се трансформира од статичен стереотипен модел до флексибилен модел на менаџерот.
[уреди] Поим Постојат речиси толку многу различни дефиниции за лидерството колку што постојат автори кои се обиделе да дефинираат концепт на лидерството. Како позначајни се издвојуваат следниве:
Лидерството е процес и сопственост. Како процес, лидерството вклучува користење на влијание без принуда. Како сопственост, лидерството е збир на карактеристики својствени за секој поединец за кој се претпоставува дека успешно ќе го примени споменатото влијание.[1] Лидерството е меѓуперсонално влијание кое се случува кога една личност е способна да добие согласност од друга во остварување на саканите цели на една организација.[2] Лидерството е динамичен процес на работа во група каде што поединецот, во определен период, во определен организационен контекст, влијае на другите членови на групата своеволно да се обврзат за остварување на целите или задачите на групата.[3] [уреди] Карактеристики на лидерството Лидерството е динамичен процес кој е под влијание на променливите барања на задачата, самата група и поединечните членови.Лидерството не се ограничува само на едно лице. Обично, поставениот лидер (менаџер) формално се грижи за групата но тој не мора во практика да биде и лидер на групата.[4]
Лидерсвото се извршува и е под влијание на специфичен збир на околности коишто го создаваат организациониот контекст. Овој контекст е важен за определување на степенот на моќта што ја поседува лидерот.[5]
Главната улога на лидерот е да влијае на групата на своеволно обврзување во остварување на целите на групата. Лидерството не е индивидуална туку колективна активност која е водена од заедничка визија. Лидерството се темели на воспоставување врски, внатре, во соодветната организација.[6]
[уреди] Стилови на лидерство [уреди] Лидер командант Модел на лидерство кога менаџерот од врвот формулира стратегија и по хиерархија ја доставува на другите менаџери за нејзино извршување.За да се примени овој модел потребно е да бидат исполнети определени предуслови, како што се: лесно извршување на стратегијата; добра информираност; објективни планери; поделба на организацијата на оние кои размислуваат и на оние кои работат.[7]
[уреди] Лидер на промен Модел на лидерство кога менаџерот од врвот презема промени за извршување на стратегијата. Откако стратегијата е формулирана, лидерот овозможува таа да се оствари со преземање на определени чекори (промени) во:структура на организацијата, системите на планирање, приспособување на нивната култура.[8]
н процес кој е под влијание на променливите барања на задачата, самата група и поединечните членови.Лидерството не се ограничува само на едно лице. Обично, поставениот лидер (менаџер) формално се грижи за групата но тој не мора во практика да биде и лидер на групата.[4]
Лидерсвото се извршува и е под влијание на специфичен збир на околности коишто го создаваат организациониот контекст. Овој контекст е важен за определување на степенот на моќта што ја поседува лидерот.[5]
Главната улога на лидерот е да влијае на групата на своеволно обврзување во остварување на целите на групата. Лидерството не е индивидуална туку колективна активност која е водена од заедничка визија. Лидерството се темели на воспоставување врски, внатре, во соодветната организација.[6]
[уреди] Стилови на лидерство
[уреди] Лидер командант
Модел на лидерство кога менаџерот од врвот формулира стратегија и по хиерархија ја доставува на другите менаџери за нејзино извршување.За да се примени овој модел потребно е да бидат исполнети определени предуслови, како што се: лесно извршување на стратегијата; добра информираност; објективни планери; поделба на организацијата на оние кои размислуваат и на оние кои работат.[7]
[уреди] Лидер на промени
Модел на лидерство кога менаџерот од врвот презема промени за извршување на стратегијата. Откако стратегијата е формулирана, лидерот овозможува таа да се оствари со преземање на определени чекори (промени) во:структура на организацијата, системите на планирање, приспособување на нивната култура.[8]
[уреди] Лидер на соработка
Модел на лидерство кога менаџерот од врвот ги координира и ги вклучува другите менаџери во формулирањето и извршувањето на стратегијата. За разлика од првите два модела,моделот на соработка,поради своите карактеристики,дава подобри ефекти во покомплексно и помалку стабилно окружување.[9]
[уреди] Лидер на култура
Модел на лидерство кога во формулирањето на стратегијата учествуваат менаџерите од средно и од пониско ниво на менаџмент. Ограничувања:
- претпоставката луѓето да се добро информирани и интелигентни
- постоење конзистентност на одлуките на сите нивоа
- потребата подолго време да се воспостави овој модел.[10]
[уреди] Лидер на развој
Модел на лидерство кога менаџерот на врвот овозможува партиципација, иновација и креативност во формулирањето на стратегијата.
Модели на лидер :
| Модел | Стратегиски прашања на лидерот | Улогата на лидерот |
|---|---|---|
| Командант | Како да формулирам оптимална стратегија? | Рационален актер |
| Промени | Имам стратегија на ум,но како да ја извршам? | Архитект |
| Соработка | Како да го вклучам врвниот менаџмент за да се обврзе кој стратегиите од почеток? | Координатор |
| Култура | Како да ја вклучам целата организација во извршувањето? | Тренер |
| Развој | Како да ги охрабрам менаџерите да станат шампиони на силни стратегии? | Поставувач на премиси и судија |
Споредба на петте модели :
| Фактор | Модел на командант | Модел на промени | Модел на соработка | Модел на култура | Модел на развој |
|---|---|---|---|---|---|
| Како се поставуваат целите? | Диктирани од врвот | Диктирани од врвот | Договарање во врвниот тим | Вградени во културата | Општо поставени од врвот,прочистени од дното |
| Што наговестува успех? | Добар план,проценет врз база на економски критериуми | Организација и структура соодветни на стратегијата | Прифатлив план со широка поддршка на врвниот менаџмент | Армија на вредни извршители | Силни стратегии со шампиони кои стојат зад нив |
| Кои фактори се земаат во предвид? | Економски; | Економски,Политички; | Економски,Социјални,Политички; | Економски,Социјални; | Економски,Социјални,Политички,Бихејвиористички |
[уреди] Однесување на лидерите
Однесување на лидерите во зависност од начинот на донесување одлуки:
- Автократскиот лидер ги донесува сите одлуки,а подредените немаат никакво влијание врз процесот на донесување одлуки.
- Партиципативниот лидер им дозволува на подредените да партиципираат во донесувањето на одлуки,а вработените ги третира со достоинство и љубезност.
- Leissez-Faire лидерот им дозволува на подредените целосна слобода во донесувањето одлуки и извршување на задачата.[11]
[уреди] Лидери и менаџери
Лидерот е личност која спроведува влијание без принуда спрема вработените во извршување на своите задачи.Менаџер-секој, на кое и да било ниво во претпријатието кој го насочува напорот на другите луѓе во остварување на целите и кој е одговорен за нивната работа. Лидерот и менаџерот имаат фундаментални различни погледи на работење на претпријатието. Аспекти кои ги прават овие разлики се согледуваат во ориентацијата спрема целите, нивната работа, човечките односи и нив самите.[12]
- Ориентација спрема целите. Лидерите размислуваат за целите на начин што тие креираат претстава и очекување за насоката на која работењето на претпријатието ќе се одвива. Менаџерите од друг страна претендираат да гледаат на работата како на начин за остварување на целите заснован на акции превземени од страна на работниците. [13]
- Ориентација спрема работата. Лидерите поаѓаат од високо ризична позиција и за да бидат ефективни на окружувањето гледаат како на пријатен амбиент кој ги поттикнува луѓето на правилен избор. Менаџерите гледаат на работата како на процес кој претставува комбинација на луѓе и идеи кои треба да соработуваат при формулирањето на стратегии и донесување на одлуки.[14]
- Човечки односи. Во односот со другите лидерите вклучуваат емоции. Тие изразуваат чувство на идентитет и разлики, а таквата атмосфера ги мотивира луѓето. Менаџерите, пак, сакаат да работат со луѓето и избегнуваат солидарни активности бидејќи тoa ги прави нервозни. Менаџерите комуницираат со нивните вработени индиректно, користејќи сигнали наместо пораки. Тие исто така, инсистираат на навремено извршување на работата. Разликата е едноставна: менаџерите го насочуваат вниманието на тоа како работата е извршена, додека пак лидерите го насочуваат вниманието на тоа што настаните и одлуките значат за учесниците.[15]
Разлики меѓу лидери и менаџери:
- менаџерот управува, лидерот иновира;
- менаџерот е копија, лидерот е оригинал;
- менаџерот одржува, лидерот развива;
- менаџерот се фокусира на системи и структура, лидерот се фокусира на луѓе;
- менаџерот се потпира на контрола, лидерот на доверба;
- менаџерот гледа краткорочно, лидерот има долгорочна перспектива;
- менаџерот прашува ‘’како?’’ и ‘’кога?’’, лидерот прашува ‘’што?’’ и ‘’зошто?’’
- менаџерот прифаќа status quo, лидерот иницира предизвик на оваа состојба;
- погледот на менаџерот е насочен кон пониските нивоа во хиерархијата, а на лидерот кон хоризонтот;
- менаџерот е класичен добар војник, лидерот е своја сопствена личност.
- менаџерот ги прави работите работите на вистински начин, лидерот ги работи вистинските работи.[16]
[уреди] Предизвиците на современото лидерство
Денес сè повеќе во Светот се афирмира таканареченото емоционално интелигентно лидерство. Емоционалните интелигентни лидери се личности што се во состојба да ги контролираат своите емоции, да ги препознаваат емоциите кај другите луѓе и да се снаоѓаат во непознати и проблематични ситуации. Од концептот на Даниел Голман за емоционалната интелигенција во лидерството потекнуваат определени лидерски способности, компетенции и вештини, а секоја од нив е со свој сет атрибути на однесување. Емоционално–интелигентни компетенции на лидерите се: интраперсоналната самосвесност, интерперсоналната самосвесност (меѓучовечки вештини и општествена одговорност), управување на односите - инспирација и катализатор на промени.[17] Со други зборови, "емоционалната самосвест" претставува способност за препознавање на сопствените емоции и на нивните ефекти, а терминот "прецизна самопроверка" значи способност за познавање на сопствените сили и ограничувања, додека самодовербата произлегува од самопочитувањето. Самоменаџирање или саморегулирање е способност да се одржуваат под надзор нарушените емоции и импулси (самоконтрола), да се одржува стандард на искреност и на интегритет (доверба), да се презема одговорност за нечија изведба (свесност), да се ракува со промената (приспособливост) и да се согласува со новите идеи и пристапи (иновација). Постојат три основни предизвици што се исправаат пред секој лидер, а тоа е како да излезе на крај со внатрешната потреба на секој човек за:Славољубие;Среброљубие;Сластољубие. Тоа значи дека лидерот треба да живее и да работи според принципите и високите стандарди на чесност, правичност, праведност, толерантност и тактичност. Да биде во состојба да одолее на предизвиците на земниот живот поврзани со желбата за брз успех, збогатување и уживање во привилегиите што му/ù се на дофат. Лидерството е привилегија но не само заради привилегии. Погрешниот пристап кон лидерството е стапицата што води кон нарцисоидност, појава на корупција и применување мобинг или притисок. Да се воспостави рамнотежа и контрола на ова е клучот за мајсторството во лидерството.
[уреди] Наводи
- ↑ Bruner,Richard:’’Tungstram’s Leading Light’’,International Management,December 1992
- ↑ Burns,Paul,Jim Dewhurst:Small Business in Europe,Macmillan education Ltd.London 1986
- ↑ Business failure record-1993,The Dun & Bradstreet,Inc.,New York, 1994
- ↑ Дракулевски Љубомир, Лидерство - основа за ефективен стратегиски менаџмент ,Скопје (1999)
- ↑ Дракулевски Љубомир, Лидерство - основа за ефективен стратегиски менаџмент ,Скопје (1999)
- ↑ Дракулевски Љубомир, Лидерство - основа за ефективен стратегиски менаџмент ,Скопје (1999)
- ↑ Chester,Bernard I,:The Functions of the executive,Cambridge,Massachusetts,Harvard University press,1938
- ↑ Churchill,Neil C.,Virginia L.Lewis:’’The five stages of small business growth’’,Harvard Business Review,May-June 1983
- ↑ Бобек Шуклев,Љубомир Дракулевски,Стратегиски менаџмент,Скопје 2001,стр.242
- ↑ Бобек Шуклев,Љубомир Дракулевски,Стратегиски менаџмент,Скопје 2001,стр.242
- ↑ Бобек Шуклев,Љубомир Дракулевски,Стратегиски менаџмент,Скопје 2001,стр.250-251
- ↑ Бобек Шуклев,Љубомир Дракулевски,Стратегиски менаџмент,Скопје 2001,стр.249
- ↑ Cole,G.A.:Personnel Management:Theory and Practice,DP Publications Ltd.,London,1993
- ↑ Cole,G.A.:Personnel Management:Theory and Practice,DP Publications Ltd.,London,1993
- ↑ Cole,G.A.:Personnel Management:Theory and Practice,DP Publications Ltd.,London,1993
- ↑ Corn,Jr.,Ira G.’’ The Role of the Chairman of the Board’’,NACD Corporation Director’s Special Report Series,Vol.VI,1978
- ↑ www.globalhr.mk