Лего филм

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лего филм (англиски: The Lego Movie) е американски компјутерско - анимиран филм од 2014 година, студиото Ворнер брадерс, во режија и сценарио на Фил Лорд и Крис Милер. Гласовите ги позајмија Крис Прат, Вил Ферел, Елизабет Бенкс, Вил Арнет, Ник Оферман, Алисон Бри, Чарли Деј, Лиам Нисон и Морган Фримен.

Ликовите во филмот се играчки направени од лего коцки, а работата ја следи Емет, сосема обичен градител од градот Лего, кому според античките пророштва му било судено да го спаси универзумот Лего од тиранинот Лорд бизнис.

Благодарение на неговиот интересен визуелен стил и добриот хумор, филмот доби позитивен прием од критичарите и заработи многу пари од билетарниците во кино[1].

Продолжението на филмот, Лего филм 2, бил премиерно прикажано на 7 февруари 2019 година.

Работа[уреди | уреди извор]

Градителот од лего-градот Емет (Крис Прат) е послушна и совршено просечна Лего фигура, но случајно станува Избраниот- суштество кое е од клучно значење за спас на светот.

Неговата одисеја го води со определениот Вајлд Стајл (Елизабет Бенкс) низ универзумот Лего во кој тие се здружуваат со луѓе од сите Лего светови - астронаутот Бени (Чарли Деј), суперхеројот Бетмен (Вил Арнет), добриот волшебник Витрувиус (Морган Фримен) и многу други карактери. Секој од нив е таен мајстор градител, способен да гради речиси сè без упатства, за разлика од Емет, кој секогаш ги следи правилата и го прави она што системот го бара.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Крис Пат Емет Бриковски
Елизабет Бенкс Луси/Вајлд Стајл
Вил Ферел Лорд Бизнис/Човекот одозгора
Вил Арнет Бетмен
Ник Оферман гусар Метална Брада
Алисон Бри принцеза Јуникити
Чарли Деј астронаут Бени
Лијам Нисон Добар полицаец/Лош полицаец
Морган Фриман магионичарот Витрувијус
Ченинг Тејтум Супермен
Џона Хил Зелениот Фенер
Коби Смалдерс Wonder Woman

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]