Лајка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Кучето Лајка, женски самоед-териер, било првото животно што на 3 ноември 1957 било лансирано со сателитот Спутник 2 во вселената каде што и престојувало 10 дена, со што се потврдиле тврдењата дека е можен живот во бестежинската состојба.

Содржина

[уреди] Основно

Првото суштество што патуваше во вселената беше женски самоед-териер, отпрвин крстено Кудрјавка (Кадравка), но подоцна преименувано во Лајка (од Лае). Пред мисијата било куче-скитник, и најдено е на улиците на Москва

Таа тежеше 6 килограми. Кабината на Спутник 2 имаше доволно простор за неа да може да лежи или стои. Систем за регенерација на воздухот ја снабдуваше кабината со кислород, а храна и вода беа давани во желатинирана форма. Лајка беше опремена со вреќа за собирање на отпадоци и електроди за набљудување на виталните знаци. Раната телеметрија покажуваше дека кучето било вознемирено, но сепак јадело. [1]


[уреди] Судбината на Лајка

Во тоа време немаше технологија за успешно приземјување на товар на Земјата, што за Лајка значеше дека ќе биде препуштена да умре од недостаток на кислород по 10 дневене престој во вселената.

Но, тоа не беше случај. Дел од термалната изолација на леталото се искина по лансирањето и внатрешната температура достигна 40 °C. Ветеринарите кои ги следеа животните знаци на Лајка дента после лансирањето забележаа значаен пораст на внатрешната температура во биолошкиот оддел, кој настанал очигледно поради оштетеноста на системот за термална контрола. За време на целиот нејзин лет, Лајка претрпуваше мала нелагодност поради високата температура. Кучето конечно се предаде на исцрпеноста од топлината во четвртиот ден од мисијата, 7-ми ноември. Подоцнежните анализи поткрепени со телемтријата праќана од леталото потврдија дека Лајка умрела од преголема температура. Кучето изгоре во атмосферата заедно со Спутник 2, после 162 дена поминати во орбита. [2] [3]

[уреди] Важност на мисијата

Престојот на Лајка во вселената бил од огромна важност како за советската вселенска програма, така и за вселенските истражувања воопшто. Биле соберени многу важни податаци за тоа како се однесуваат живите организми во безтежинска состојба.

Без летот на Лајка и сличните потоа, Јуриј Гагарин на 12 април 1961 година немал да може да полета во вселената.

[уреди] Надворешни врски

Спутник 2 - Кумановски Астрономски Клуб - Кокино

[уреди] Цитати

  1. Спутник 2 - Кумановски Астрономски Клуб - Кокино
  2. Спутник 2 - Кумановски Астрономски Клуб - Кокино
  3. Spacecraft Encyclopedia

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици