Куќата на една кукла

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Куќата на една кукла“
Насловна страна на ракописот, 1879
АвторХенрик Ибзен
Премиера21 декември 1879
Место на премиераКопенхаген
Изворен јазикнорвешки
Тематикаеманципација на жената
Жанрдрама
Бети Хенингс како Нора во Кралскиот театар во Копенхаген, 1879 или 1880 година.

Куќата на една кукла (норвешки: Et Dukkehjem) — драма во три чина на норвешкиот писател Хенрик Ибзен, напишана во 1879 година. Театарската претстава ја имала својата праизведба на 21 декември 1879 година во Копенхаген.

Акција[уреди | уреди извор]

Главна протагонистка е Нора, која е во брак со адвокатот Торвалд Хелмер и која очигледно живее во складен брак. Драмата зборува за бракот и пред сè за улогата на жената во него. Куќата на една кукла завршува кога Нора ќе го напушти својот дом за да може да стане личност, а не само кукла како што била дотогаш. Повеќето се главно изненадени од крајот. Причината што Нора ги напуштила сопругот и децата е нешто што во тоа време не се сметало за дел од женската природа.

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Торвалд Хелмер, адвокат
  • Нора Хелмер, неговата сопруга
  • Нивните три деца
  • Доктор Ранг
  • Г-ѓа Кристина Линде
  • Адвокатот Нилс Крогстад
  • Ан-Мари, дадилка кај Хелмерови
  • Слугинка
  • Чистачка

Реакции[уреди | уреди извор]

Драмата предизвика расправи во целиот нордиски регион бидејќи се залагала за еманципација на жените. Тоа било важно театарско дело за радикалните писатели од 1880-тите кои го критикувале бракот, сексуалните норми и подредената положба на жената во општеството. Со ова дело Ибзен влијаел и на други писатели да пишуваат на оваа тема, на пр. Алфхилд Агрел во драмата Спасена (1882), која има свои основи во драмата на Ибзен, но со посилен песимистички поглед на можноста за женска еманципација и напредување. Август Стриндберг напишал многу критички одговор на Куќата на една кукла, во истоимениот расказ објавен во збирката раскази Оженети. Во целиот свет биле водени расправи за тоа што ѝ се случило на Нора кога го напуштила домот.[1]

Македонски превод[уреди | уреди извор]

На македонски јазик драмата е издадена во 2014 година од издавачката куќа Магор со наслов „Куќата на една кукла“. Драмата била издадена заедно со уште три други драми од Ибзен: „Столбови на општеството“, „Хеда Габлер“ и „Народен непријател“ во книга со наслов „Драми“, ИСБН: 978-608-223-422-9.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.nytimes.com/books/97/05/11/reviews/21513.html
  2. Ибзен, Хенрик. „Драми“. Архивирано од изворникот на 2023-01-28. Посетено на 14.09.2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Куќа за кукли од Хенрик Ибзен