Кулен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сервиран кулен

Кулен е сувомесен производ, вид на колбас, кој традиционално се прави во Војводина (Србија) и Славонија и Барања (Хрватска), каде е познат и под називот кулин. Еден колбас тежи околу 700 до 1000 грама.

Кулен во Војводина[уреди | уреди извор]

Во Војводина постојат различни видови на кулен, кои зависат од местото каде што ги прават. Некои од најпознатите видови се:

  • бачки кулен,
  • сремски домашен кулен,
  • петровечки кулен и други видови на кулен.

Сите овие видови на кулен се произведуваат на релативно слични начини.

Сремски кулен[уреди | уреди извор]

Еден од најпознатите е сремскиот кулен, кој прв се произведувал индустриски, па поради тоа бил најпознат вид на кулен во Југославија. Сепак, изгледот и вкусот на индустрискиот производ биле сменети. Денес некои од месните индустрии произведуваат кулен сличен по изглед на домашниот сремски кулен, но вистиснкиот вкус може да се најде само во некои локални месарници низ Војводина.

Постојат бројни рецепти за сремски кулен, бидејќи некогаш секое семејство во Срем имало свој таен рецепт. Според некои рецепти се додава и говедско месо или сланина, а по правило куленот се произведува само од свинско месо.

Петровечки кулен[уреди | уреди извор]

Во Бачки Петровец посебно место зазема петровечкиот кулен, кој Словаците го наследиле од своите предци, доселени во Петровец во среината на XVIII век. Се произведува без адитиви и конзерванси, само со свинско месо, лута пиперка, лук, мелен ким, малку шеќер и сол. Месото се мели низ отвори од 8 милиметри, се додаваат зачините, смесата се полни во свинско дебело црево, а потоа се суши и се чади. Чадењето се одвива во текот на две недели со чад од суво дрво.

Галерија[уреди | уреди извор]