Кулата на будалите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кулата на будалите
АвторАнджеј Сапковски
Страници432 (Обединето Кралство)

Кулата на будалите (полски оригинален наслов: Нарентурм) е првиот фатанзиско историски роман во Хуситската трилогија напишан од полскиот писател за фантазија Анджеј Сапковски, првпат објавен во 2002 година на полски јазик и на англиски јазик во 2020 година. Следува Божји воини (Boży bojownicy).

Во него се раскажува приказната за Рајнмар од Биелава, исто така наречен Рејневан фон Биелау. Дејството се случува во Шлеска во 1425 година, во времето на Хуситските војни.

Поставувањето е претежно историско, со некои историски карактери и описи на одредени локации. Фантастичните елементи вклучуваат повремени волшебни подвизи, артефакти и нечовечки карактери. Германскиот збор Нарентурм значи Кулата на будалите, кула во која, во средниот век, биле изолирани луѓе кои страдале од ретки и ментални болести.

Кулата на будалите е преведена на чешки, словачки, руски, германски, украински, бугарски и шпански јазик . Правата на англискиот превод на трилогијата се стекнати и таа ќе биде објавена во 2020 година од Орбит во САД и Голанц во Велика Британија, а преведувач е Дејвид Френч, кој е преведувач на неколку од книгите за Вештерот од Сапковски.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Team, The Orbit (11 октомври 2018). „A brand new fantasy trilogy by Andrzej Sapkowski, New York Times bestselling author of the Witcher novels!“. Orbit Books (англиски). Посетено на 10 октомври 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]