Кузман Капидан (лик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кузман Капидан е лик во во поемата на „Сердарот“ напишана од Григор Прличев.

Карактеристики[уреди]

Кузман е загинат уште на почетокот на поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањето на другите ликови, ретроспективно преку навраќања. Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта на девојката Марија со која сакал да го мине остатокот од животот и да основа семејство.

Овде се раскажува за за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството се случува кон средината на 19 век, век во западна Македонија, односно регионот помеѓу Галичник, Река (област), и селото Стан.

Опис на ликот на Кузман Капидан (од поемата Сердарот)[уреди]

Кузман е сердарот на Река. Тој е јунакот кој се борел со разбојничките банди кои ја напаѓале река.Тој е горд што е син на сердар.со тоа ги мотивира своите соборци за тоа како треба да се борат. Кузман е последниот заштитник на Река пред наездата на Албанците и спремен е на се само за да ја изврши својата задача. Го сака својот народ и спремен е да го даде својот живот. Во битките ја покажал својата храброст.

Надворешен опис: Кузман бил силен и горд, тој бил јунак кој секогаш шетал со меч опашен околу половина, меч кој го сонувал додека бил дете, меч со кој победувал во битките. Иако знаел дека четата му е малубројна тоа не го спречило да го даде максимумот од себе. Величественоста на оваа поема е тоа што од устата на непријателот - Арнаутите ја дознаваме вистината за смртта и тие се оние кои доблесно и искрено се поклонуваат првин пред Кузман, а потоа и пред неговата мајка Неда ѝ ја признаваат големата загуба што ја снашло и сите останати со смртта на нивниот Сердар.

И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна!
Ти загуби, о мајко, џин!
Народните ќе пеат колена со уста милна
за делата на твојот син...

Кузман е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите .Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта на девојката Марија со која сакал да го мине остатокот од животот и да основа семејство.[1]

Наводи[уреди]

  1. Билјана Богданоска (30 мај 2010). „Григор Прличев - „Сердарот““. Блогот „Македонски јазик и литература“. http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2010/05/blog-post.html. конс. 7 март 2013. 

Надворешни врски[уреди]


Книга Ова е недовршена статија за литература. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка.