Крај Вардара високи баири

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Крај Вардара високи баири“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина4:16 (Александар Сариевски)
3:12 (Ансамбл Билјана)

Крај Вардара високи баиримакедонска народна песна. Песната е посветена на некои си комити да го преминат Вардар и преку Гевгелиско, да се искачат на Ниџе за да водат бој. Песната има ајдутски и родољубив карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Крај Вардара високи баири, леле
крај Вардара високи баири.

Крај баири зелени ливади, леле
крај баири зелени ливади.

Јули ваби млади Македонци, леле
в' раце држат пушки малихери.

Напред стои нијниот војвода, леле
војводата тихо им говори.

Ваја вечер Вардар ќе газиме, леле
втора вечер Гевгелиско Поле.

Трета вечер у Ниџе планина, леле
там' се бијат наши мили браќа.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]