Кој сака да биде милионер?

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Кој сака да биде милионер?
Koj saka da bide milioner logo.jpg
Формат Квиз
Создадена од Celador
Земја на потекло  Велика Британија
Продукција
Продуцент(и) Игор Шокаровски
Времетраење 1 час
Емитување
Канал на емитување А1 телевизија
Официјална Веб-страница

Кој сака да биде милионер е оригинално создаден од компанијата Целадор во Обединетото Кралство во 1998 година. Квизот во моментов под лиценца се емитува во повеќе од 80 земји во светот. Во Македонија тој се емитуваше во периодот на 2004/2005 година. И по едногодишна пауза продолжи да се емитува во 2007 во сопствено студио на А1 телевизија која ја откупи лиценцата за ова шоу.

Правила на игра[уреди]

Пријавувањето за квизот се врши преку телефонскиот број. Статус на натпреварувач во квизот стекнува кандидатот кој ги исполнува условите и е избран од комисијата за тестирање согласно со постапката за избор на кандидати. Процесот на пријавување започнува со точен одговор на прашањето за кое се нудат четири тест одговори од кои само еден е точен. Со соодветна програма, компјутерот создава листа на кандидати кои одговориле точно на поставеното прашање, по датум на реализираниот телефонски повик или испратена SMS порака. Потоа тимот за тестирање ќе врши конечна селекција. Конечната селекција се состои од тест од десет прашања.

Најдобрите доаѓаат во квизот кадешто седнуваат во играта наречена брзи прсти. Најбрзиот се стекнува со право да се натпреварува. Постојат 3 загарантирани суми од 5000. 125.000 и 4 милиони денари. Натреварувачот има на располагање и четири џокери: Повикај пријател, 50/50 , прашај ја публиката,а после петтото прашање џокерот замена на прашање. ТВ студиото на македонскиот квиз Милионер го изработи „Металец“ Прилеп. Осветлувањето го овозможува ДВД-пет.