Костин Дол (Делчевско)
За истоименото кочанско село, погл. Костин Дол (Кочанско).
Костин Дол | |
Поглед на Костин Дол | |
Координати 42°03′11″N 22°38′48″E / 42.05306° СГШ; 22.64667° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Македонска Каменица |
Област | Осоговија |
Население | 59 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2304 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09014 |
Надм. вис. | 600-1.040 м |
Костин Дол на општинската карта Атарот на Костин Дол во рамките на општината | |
Костин Дол на Ризницата |
Костин Дол — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Костин Дол се наоѓа во областа Осоговија, во североисточниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 600-1.040 м. Селскиот атар зафаќа површина од 14,3 км2.[2]
Маалата во селото се познати како: Лажовска Маала, Умска Маала, Чобанска Маала и Штабска Маала.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото се споменува во пописните опширни дефтери од 1570 година како село во Ќустендилскиот санџак, нахија Пијанец, со 15 христијански семејства, 3 неженети и 3 вдовици христијани.[3]
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има полјоделско-шумарска функција. Во рамките на селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 742 ха, по што следуваат обработливото земјиште на површина од 396 ха и пасиштата на 128 ха.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Костин Дол живееле 154 жители, сите Македонци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Костин Дол имало 112 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Во текот на XX век е забележителен значителен пад на бројот на населените, па така селото преминало од средна во мала населба.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Костин Дол живеат 116 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 51 Македонец и 8 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 154 | 112 | 323 | 354 | 322 | 319 | 243 | 148 | 153 | 116 | 59 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Драмче.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Луковица.
Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 607 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основното училиште.[14]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 78 гласачи.[15]
Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[16]
- Јачков Рид - Селиште — населба од неолитско и римско време;
- Селиште — населба, могила и црква од римско и старохристијанско време;
- Чукар — населба од неолитско и доцноантичко време.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Чобанска Маала
-
Чобанска Маала
-
Штабска Маала
-
Приколка во селото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 159.
- ↑ „Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од 1570 година“, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр. 200-201
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Костин Дол (Делчевско) на Ризницата ?