Кожнокрилни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кожнокрилни или кагуани
Период: Доцен Палеоцен - денес
Филипински кагуан (Cynocephalus volans).
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Инфракласа: Eutheria
Надред: Euarchontoglires
Ред: Dermoptera
Illiger, 1811
Фамилија: Cynocephalidae
Simpson, 1945
Родови
Распространување на кожнокрилните:
  Малајски (сундски) кагуан
  Филипински кагуан

Кожнокрилните или кагуаните (научно: ред Dermoptera) се група на цицачи чиј природен ареал се наоѓа во југоисточна Азија. Имаат арбореален начин на живот и можат краткотрајно да летаат, падобрански спуштајќи се од дрвјата со помош на нивната посебна кожна творба кожен падобран или patagium која се наоѓа меѓу нивните екстремитети. Денес постојат само два рецентни видови[1] кои ја образуваат фамилијата Cynocephalidae. Познати се и како летачки лемури, меѓутоа, тие не се вистински лемури.

Одлики[уреди]

Кагуаните се релативно големи за едно животно кое живее на дрвја - долги се од 35 до 40 cm, а тежат околу 1 до 2 kg. Како такви, тие се споредливи со посум со средна големина или многу голема верверичка. Имаат средно долги, тенки екстремитети со еднаква должина, опашка со средна големина и релативно витка става. Главата е мала со големи очи насочени кон напред со одличен бинокуларен вид и мали заоблени уши. Веднаш по раѓањето кагуанот тежи само 35 g и станува возрасна единка за 2-3 години.[2]

Најкарактеристична одлика е мембраната од кожа која се протега меѓу нивните екстремитети и им овозможува краткотраен падобрански лет меѓу дрвјата. Од сите цицачи со способност за ваков краткотраен лет, кагуаните ја имаат најдобрата адаптација за летање. Нивната падобранска мембрана или patagium е голема толку колку што е геометриски возможно - таа оди од плешката до предните шепи, потоа од врвот на најзадниот прст до врвот на прстите на стапалото, и од задните екстремитети до врвот на опашката[3]За разлика од другите падобрански цицачи, кај кагуаните се опфатени со мембрана и просторите меѓу прстите за да се зголеми вкупната површина на телото, како кај крилата на лилјаците. Поради ова, порано кагуаните се сметале за блиски роднини на лилјаците, но денес често се гледаат како најблиските живи сродници на приматите [4].

Систематика[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Шаблон:MSW3 Stafford
  2. Macdonald (Ed), Professor David W. (2006). „The Encyclopedia of Mammals“. Oxford University Press. ISBN 0-19-920608-2. 
  3. . MacKinnon, Kathy (1984). Macdonald, D.. уред. „The Encyclopedia of Mammals“. New York: Facts on File. стр. 446–447. ISBN 0-87196-871-1. 
  4. Flying Lemurs Are The Closest Relatives Of Primates

Надворешни врски[уреди]