Климо Серафимов Цветановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Климо Серафимов Цветаноски — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Климо Серафимов Цветаноски е роден во Ташмаруништа во 1885 година. Неговите родители го испратиле на печалба во 1900 година, во Крајова во Романија. Таму работел две години како чирак. Родителите му пишувале писма во кои му раскажувале за суровоста и злото на Османлиите. Тој не можел да издржи и се вратил во Македонија. Се приклучил кон МРО Учествувал во Илинденското востание. Климо Цветановски бил дел од четата на војводата Панделе Спасески. После задушувањето на востанието, Климо отишол да работи во Крајова како ѕидарски работник. Во време на Балканските војни учествува прво како српски, а потоа како бугарски војник. Во Првата светска војна бил мобилизиран во Белград. Во периодот меѓу Двете светски војни работел во Србија, Бугарија и Романија. Во текот на НОВ, активно го помага Ослободителното движење. Климо Серафимов Цветаноски бил носител на Илинденска споменица 1903, број 315, доделена од Президиумот на Народното собрание на НР Македонија на ден 23 август 1951 година. Починал во 1976 година.

Наводи[уреди | уреди извор]