Кетрин (војвотка од Кембриџ)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кетрин
Војвотка од Кембриџ (more)
Kate Middleton at the Garter Procession 2008.jpg
Catherine at the Garter Procession in 2008
Сопружник Принц Вилијам, Војвода од Кембриџ
Деца
Џорџ, Принц од Кембриџ
Полно име
Кетрин Елизабет Мидлтон
Династија династијата Виндзор

Кетрин, Војвотка од Кембриџ (родена како Кетрин Елизабет Мидлтон на 9 јануари 1982 година, позната како Кејт) е сопруга на принцот Вилијам, Војвода од Кембриџ. Вилијам е втор по ред за да го наследи тронот од шеснаесет независни држави и нивните прекуморски територии здружени во сојузот Комонвелт и ако тој стане крал таа ќе стане сопруга на кралот. Кетрин детството го поминала во Чејпл Ров во Баклбери, село во близина на Беркшир, Англија. Таа студирала во Шкотска на универзитетот Св. Ендрјус каде го запознала принцот Вилијам во 2001 година. Тие започнале романтична врска и таа продолжила до 2007 година кога раскинале неколку месеци. Сепак, тие продолжиле да бидат пријатели и ја разгореле нивната врска подоцна истата година.

Пред венчавката , Кетрин присуствуваше на повеќе кралски настани. Кога нивната врска стана позната во јавноста, Кетрин доби големо внимание од медиумите и се шпекулираше дека таа и Вилијам ќе се венчаат. Нивната веридба беше објавена на 16 ноември 2010 година, а тие се венчаа на 29 април 2011 година во Вестминистерската опатија.

Биографија[уреди]

Кетрин била родена во Рединг на 9 јануари 1982, а крстена на 20 јуни 1982 година во Св. Ендрус Бредфилд, во Беркшир. Таа е најстарото дете од трите деца на Керол Елизабет Мидлтон (моминско Голдсмит), поранешна стјуардеса а сега партнер во приватната компанија Додатоци за забава (Party Pieces) која што има проценета вредност од 30 милиони фунти и Мајкл Францис Мидлтон, кој исто така работел како стјуард пред да стане пилот за авионската компанија Бритиш Ервејс, а сега сопственик на компанијата Додатоци за забава. Нејзините родители се венчале на 21 јуни 1980 година во Парохиската црква во Дорни, Бакингамшир, а во 1987 година ја основале компанијата за производство и продажба на производи и украси за забави. Кетрин има сестра, Филипа Шарлот, позната како Пипа (родена во 1983 година) и брат Џејмс Мидлтон (роден во 1987 година). Семејството се пожали дека Пипа и мајка и биле вознемирувани од страна на медиумите откако почнаа ангажманите на Кетрин.

Семејството на татко и потекнува од Лидс, западен Рајдинг од Јоркшир, а нејзината прабаба била член на семејството Луптон кои биле со генерации активни трговци во Лидс. Нејзиниот прадедо е свештеникот Томас Дејвис кој ја напишал химната на англиската црква. Семејството на Керол, Харисонови, биле работничка класа и рудари од Сандерланд и Конти Дурхам.

Родителите на Кетрин живееле во Аман, Јордан, од мај 1984 година до септември 1986 година, бидејќи таму работеле за компанијата Бритиш Ервејс. Таму Кетрин посетувала училиште за предшколска возраст на англиски јазик, пред да се врати дома во Беркшир. По нејзиното враќање од Аман, таа се школувала во Свети Андреј во близина на селото Пангбоурн во Беркшир а потоа кратко во училиштето Довн Хаус. Таа ги продолжила студиите на колеџот Марлбороу, мешано приватно училиште во Вилтшир а потоа во универзитетот Св. Андру, Шкотска, каде го запознала Вилијам. Таа магистрирала на историја на уметност и според класификацијата на успехот со втора класа почести (кратенка 2:1)

Родителите на Кетрин, Мајкл и Кетрин Мидлтон.

Кариера[уреди]

Во ноември 2006 година, Кетрин прифатила да работи за Џигсо, синџир на продавници за женска облека и додатоци, како купувач на женски додатоци. Во 2008 година, било објавено дека таа ја откажала работата и планирала да стане професионален фотограф а нејзин учител да биде Марио Тестино, кој има сликано неколку познати слики со Диана, Принцезата од Велс и нејзините синови. Тестино подоцна негираше дека Кетрин требало да работи за него.

Стилот и имиџот во јавноста[уреди]

На Кетрин и се восхитуваат за нејзиното чувство за мода и се најде на повеќе листи за „најдобро облечени“. „Дејли Телеграф“ ја избра за „Најперспективен почетник“ за 2006 година. Списанието „Татлер“ ѝ додели осмо место на годишната листа за 10 икони на стилот во 2007 година. Списанието „Пипл“ ја избра за најдобро облечена во 2007 и 2010 година. Ричард Блеквел ја именуваше за една 10те „Независни од чудесната мода“ во 2007 година. Во јуни 2008 година веб-страницата Style.com ја избра Кетрин за икона на убавината на месецот. Во јули 2008 година, списанието „Ванити Феир“ ја вметна во меѓународната листа за најдобро облечени . Во февруари 2011 година, компанијата Глобал ленгвич монитор ја избра Кејт за помодарка на годината.

Врската со Принцот Вилијам[уреди]

Статусот на Кејт како неофицијална девојка на Вилијам привлече големо внимание од страна на медиумите во Британија и надвор и таа често беше фотографирана за време на нејзините денски прошетки. На 17 октомври 2005 година, таа со нејзиниот адвокат се пожалиле за вознемирување од страна на медиумите тврдејќи дека таа нема ништо значајно направено за да го одобри големиот публицитет. Во февруари 2006 година, било објавено дека кралското семејство ќе ѝ одобри на Кетрин 24 часовно обезбедување. Ова ги разгорело понатамошните шпекулирања дека таа и Вилијам наскоро ќе се венчаат, инаку таа не би имала право на оваа услуга.

Кетрин со Принц Хари,јуни 2008 година

Бидејќи претстоечката веридба не се случила на Кетрин не ѝ бил доделен надоместок за финансирање на обезбедувањето. Вниманието на медиумите се зголемило за 25-тиот роденденот на Кејт во јануари 2007 година, поради предупредувањата на Чарлс и на Вилијам и на адвокатите на Кејт кои се заканувале со правна постапка. Некои весници во Британија одлучиле да се воздржат од објавување нејзини фотографии. Кетрин присуствувала на најмалку еден настан како официјален гостин на кралското семејство,по повод завршувањето на воената академија Станхрст на Вилијам на 15 декември 2006 година. Во декември 2007 година, беше објавено дека Кетрин заедно со Вилијам се преселиле во Кларенс Хаус, резиденцијата на Принцот од Велс во Лондон. Подоцна Кларенс Хаус ова го негираше.

На 17 мај 2008 година, Кетрин присуствувала на свадбата на братучедот на Вилијам, Петар Филипс за Патриција Кели, на која Вилијам не присуствувал. На 19 јули 2008 година, таа била гостин на венчавката на Лејди Роус Виндзор и Џорџ Гилман. Вилијам бил задолжен за воените операции на Карибите, служејќи на бродот на воената морнарица „Ајрон Дјук“. Во 2010 година, Кетрин поднесе тужба за рушење на приватноста против две агенции и фотографот Нина Тана, која ја сликала за Божик во 2009 година.Кетрин добила јавно извинување и 5 000 долари и платени правни трошоци.

Раскинувње и помирување[уреди]

На 14 април 2007 година, весникот „Сан“ објави екслузивна вест дека принцот Вилијам и Кејт раскинале. Другите медиуми, како што е БиБиСи,во текот на денот ја потврдија оваа приказна.Кејт и Вилијам решиле да раскинат за време на одморот во Швајцарското одморалиште Цермат. Според Тајмс, Кларенс Хаус даде само една изјава за крајот на врската наведувајќи: „ние не коментираме за приватниот живот на принцот Вилијам“. Весниците претпоставуваа кои се причините за раскинувањето, иако овие извештаи се потпираале врз непознати извори.

Во весникот ''Сан'' близок пријател на Кејт и Вилијам изјавува дека Кетрин се чувствувала запоставено од страна на Вилијам. Весникот наведувал извештаи дека Вилијам поминувал време со други девојки и дека тој, на 24 години за време на раскинувањето, се чувствувал премногу млад за да се жени. Извештај во „Дејли Меил“ на ја одобрува желбата на кралските дворјани „да не брза“ со објавувањето на венчавката и желбата на Вилијам да ужива во неговиот статус на ерген во воената кариера. „Меил“ исто така пишува дека пријател на Вилијам го охрабрувал принцот да заземе „безгрижен став “ за врската. Во истата статија е наведено дека Кетрин „поминала многу време“ чекајќи го принцот да ја докаже неговата одговорност кон неа.

Вo јуни 2007 година, Кетрин и Вилијам тврдеа дека биле „само добри пријатели“. Kетрин и нејзиното семејство присуствувале на концертот за Диана на стадиумот Вембли, каде таа и Вилијам биле два реда оддалечени. Потоа, Кејт и Вилијам биле забележани заедно во јавност на неколку настани и неколку извори на вести, вклучувајќи ги БиБиСи и Дејли Меил, тврделе дека тие „повторно ја разгореа нивната врската“. Кетрин исто така ги придружувала Вилијам и Чарлс на походот лов на елени во Балморал и присуствувала на венчавката на братучедот на Вилијам, Петар Филипс, иако Вилијам, поради обврскте, не присуствувал. Во април 2008 година, Кетрин била покрај Вилијам за доделувањето на беџот на кралските воздухопловни сили во академијата Кранвел.

Венчавката и свадбата[уреди]

Кетрин Мидлтон
Војвотка од Кембриџ
William and Kate wedding.jpg
Принц Вилијам, Војводата од Кембриџ и Војвотката од Кембриџ на балконот на Бакингемската палата веднаш по нивната венчавка.
Полно име
Кетрин Елизабет Мидлтон

Принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон се вериле во октомври 2011 година во Кенија, Источна Африка, за време на десетдневно патување во засолништето за диви животни Лева за да го прослават завршувањто на военот курс за спасување на Вилијам . Кларенс Хаус ја објави свршувачката на 16 ноември 2010 година. Двојката се венча на 29 април 2011 година во Вестминистерската опатија,(денот на Св. Катерина) а тој ден беше прогласен за неработен ден во Обединетото Кралство. Свадбата ја гледаа повеќе од два милијарди луѓе.

На 22 јули 2013 г., принцезата Кетрин и принцот Вилијам го добиле своето прво дете — Џорџ, Принцот од Кембриџ.

Кралски должности[уреди]

Појавување во јавност[уреди]

Официјално, Кетрин се појавила во јавност на 24 Февруари 2011 година, два месеци пред венчавката, кога таа и Вилијам присуствувале на промовирањето на чамецот за спасување во Треардур, во Северен Велс. На 16 Февруари 2011 година, Кларенс Хаус објави дека првото кралско патувње на Војводата и Војвотката од Кембриџ во Канада е закажано во јули 2011 година. Во мај 2011 година, кратко по свадбата и додека принцот Чарлс бил во официјална посета на САД, Кларенс Хаус објави дека Војводата и Војвотката од Кембриџ ќе ја посетат Калифорнија по нивното патување во Канада. Тоа ќе и биде на Војвотката од Кембриџ првата посета на Соединетите Држави.

Титули, назначувања[уреди]

9 јануари 1982 година – 29 април 2011 година : госпоѓица Кетрин Елизабет Мидлтон 29 јануари 2011 година- и понатаму : Нејзиното кралско височество Војвотката од Кембриџ

Целосното име и титула на Кетрин е: Нејзиното Кралско височество принцеза Вилијам Артур Филип Луи, Војвотка на Кембриџ, Грофица на Стратхерн, Бароница Карикфергус. За разлика од мнозинството кралски невести и во спротивност на повеќето претходни дворски сопруги на монархот пред повеќе од 350 години, Кетрин не потекнува од кралско или аристократско семејство. Утрото на нивната свадба на 29 април 2011 година во 8 часот, функционерите на бакингамската палата најавија дека во согласност со кралската традиција и признание на денот од кралицата, принцот Вилијам се стекна со титулата Војвода на Кембриџ, Гроф на Стратхерн и Баронот Карикфергус.

Потекло[уреди]

Во проучувањето на потеклото на Кетрин, Вилијам Адамс Рајтвиснер открил дека таа и Вилијам имаат заеднички предци. Најблиската врска е преку мајка му на Вилијам преку заедничко потекло на сер Томас Феирфакс и неговата сопруга Агнес Гаскоин, што го прави парот да бидат петнаесетти братучеди. Исто така тие се далечни роднини по страната на татко ѝ преку заедничкото потекло од сер Вилијам Гаскоин и неговата сопруга, родена Леди Маргарет Перси. Двојката исто така можеби се дванаестти братучеди со посредни докази кои наведуваат дека тие двајцата потекнуваат од сер Томас Лејтон и Елизабет Нолис. Потеклото на Кетрин од сер Томас Феирфакс и нејзиното недокажано потекло од сер Томас Лејтон се преку нејзината прабаба Олив Лаптон, ќерка на Лидс трговецот на ткаенини Франсис Лаптон и неговата сопруга Хариет (родена Дејвис) – Фаирфакс е предок на Лаптон.

Современата култура[уреди]

По вниманието што го предизвика свадбата на меѓународно ниво, телевизиската програма „Лајфтајм“ емитувше филм со наслов „Вилијам и Кејт“ на 18 април 2011 година, во САД. Премиерата на филмот беше на 24 април 2011 година во Велика Британија. Улогата на Кетрин ја играше Камила Лудингтон и на Вилијам, Нико Еверс – Свиндел. Исто така во Велика Британија беа прикажувани телевизиски програми пред венчавката кои длабоко навлегуваа во врската и потеклото на двојката како што се „Кога Кејт го запозна Вилијам“ и „Запознајте ги Мидлтонови“ што се емитуваше на канал 4.

Наводи[уреди]