Историја на телекомуникациите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Историјата на комуникацијата датира од времето на праисторијата. Комуникацијата да се разликува од суптилен процес на размена до целосен разговор и масовна комуникација. Човечката комуникација прераснала во говорна уште пред 200.000 години. Симболите се развиле пред 30.000 години, а пишувањето пред 7.000. Во пократок размер, во минатите неколку векови имало голем развој на полето на телекомуникацијата.

Говор

Главна статија: Говорна комуникација

Симболи

Несовршеноста за говор, ако ништо друго, го овозможила распространувањето на идеите и поттикнувањето на иновациите, што евентуално резултирало во создавање на нови форми на комуникација, подобрувајќи го обемот на човечката комуникација и долговечноста на информацијата. Сите тие иновации се основале врз клучниот концепт на симболот: вообичаено застапување на концепт.

Пештерски цртежи

Најстарите познати симболи создадени со намера за да се комуницира низ времето се пештерските цртежи, еден вид на камена уметност, која што датира од повисокиот палеолит. Како што мало дете учи да црта, пред да почне да владее со способноста за посложени форми на комуникација, така настанале и обидите на хомосапиенсот за пренесување на информацијата низ времето заземајќи го видот – сликарство. Најстарите познати пештерски цртежи се оние во пештерата Шове (фр. grotte Chauvet, англ. Chauvet Cave). Тие датираат од пред 30.000 години п.н.е. Иако недоволно стандардизирани, тие цртежи содржеле голем број на информации: Кромањонците можеби го создале првиот календар уште пред 15.000 години. Врската помеѓу цртањето и пишувањето е покажана понатаму, со лингвистиката. Во древниот Египет и Грција концептите и зборовите на цртањето и пишувањето биле исти.

Петроглифи

Следниот чекор во историјата на комуникацијата се петроглифите, резбарски дела на камена површина. На хомосапиенсот му биле потребни околу 20.000 години за да напредне од првите пештерски цртежи до петроглифите, кои датираат од 10.000 години п.н.е.

Има опција за тоа дека луѓето од тоа време користеле некакви други видови на комуникација, често за „мнемонски“ цели – посебно наредени камења, симболи врежани во дрво или земја, кипу – јажиња, тетоважи. Малку од повеќето трајно изрезбани камења издржале до модерното време, па може само да шпекулираме за нивното постоење кое е основано врз нашите забелешки за сè уште постоечката култура „ловец-собирач“, како културата на Африка и Океанија.

Пиктограми

Пиктограмот (пиктограф) е симбол кој што претставува еден концепт, предмет, активност, место, или настан преку илустрација. Пиктографија е еден вид на праписменост, каде што идеите се пренесени преку цртежи. Пиктографите биле следниот чекор во еволуцијата на комуникацијата. Најважната разлика помеѓу петроглифите и пиктограмите е тоа дека петроглифите едноставно укажуваат на некој настан, додека пиктограмите ни укажуваат на приказна или настан, па оттаму може на пример да бидат подредени по хронолошки редослед.

Пиктограмите се користеле во разни древни култури насекаде низ светот сè до 9000 година п.н.е., кога токените обележани со едноставни слики биле ставени во употреба за да се брендира некој основен производ од фарма, а станале прилично популарни околу 6000-5000 година п.н.е. Тие биле основата на клинестото писмо и хиероглифите и почнале да се развиваат во логографски систем на пишување на почетокот на 5000 година п.н.е.

Идеограми

Пиктограмите се развиле во идеограми, графички симболи кои ја претставуваат идејата. Нивните предци, пиктограмите, можеле да претставуваат нешто што е само слично на нивната форма. Заради тоа пиктограмот на кругот може да претставува сонце, но не и концептот топлина, светло, ден или големиот бог на сонцето. Идеограмите, од друга страна, можеле да изразуваат поапстрактни концепти, така што на пример еден идеограм од два стапа може да значи не само „нозе“ туку и глаголот „се движи“. Бидејќи некои идеи се универзални, многу од различните култури развиле слични идеограми. На пример, на јазикот на американските староседелци во Калифорнија, око со солза значи тага. Истото значење го има и за Ацтеките, древните Кинези и Египќани.

Идеограмите биле предвесници на логографскиот систем на пишување, како што е случајот кај египетските хиероглифи и кинеските карактери. Примерите за идеографскиот систем на праписменоста не содржеле јазично–одредена информација, вклучувајќи го писмото Винка (старо европско писмо) како и раното писмо Индус. Во двата случаја има тврдења за дешифрирање на лингвистичка содржина, без пошироко прифаќање.

Пишување

Во 26 век п.н.е. во сумериското клинесто писмо на сумериски јазик, впишани се подароци за нејзиното височество Адаб, во моментот кога била избрана. Еден од најстарите примери за човечкото пишување.

Најстарите форми на пишување првично по природа биле логографски, базирани на идеографски елементи. Повеќето системи на пишување може да се поделат пошироко на три категории: логографски, слоговни, и алфабетски (или сегментални). Како и да е, сите три може да се најдат во секој даден систем на пишување во променлива мера, често отежнувајќи го категоризирањето на системот како уникат.

Откритието на првиот систем на пишување е отприлика во исто време со почетокот на бронзената доба во подоцнежниот неолит во 4 милениум п.н.е. За првиот систем на пишување постои општо мислење дека е измислен во светската цивилизација Сумер и до третиот милениум се развил во клинесто писмо. Египетските хиероглифи и нерешливите системи на пишување како праеламското и писмото од долината на Инд исто така датираат од оваа ера, иако некои експерти се сомневале во статусот на писмото од долината Индус дека е систем на пишување.

Оригиналниот сумериски систем на пишување има потекло од системот на глинените токени кои се користеле за претставувањето на продуктите. До крајот на 4 милениум п.н.е., тоа се развило во метод за водење на сметки, користејќи перо во форма на круг вградено на различни агли од мека глина за да се запишуваат бројки. Постепено, тоа прераснало во пиктографско пишување, користејќи остро перо за да се индицира на тоа што се брои. Пишувањето со заоблено и остро перо, до 2700-200 година п.н.е., постепено се заменило со клинестото перо. На почеток само за логограмите, а потоа до 2800 година п.н.е. се развило до степен да може да се вклучат и фонетички елементи. Околу 2600 година п.н.е. со клинестата форма започнало да се претставуваат слоговите на говорниот јазик на Сумерите. Конечно, клинестото писмо станало општ систем на пишување за логограми, слогови и бројки. До 26 век п.н.е. ова писмо се применило на еден друг месопотамски јазик „Акадскиот“, а оттаму и на други јазици како на пример: јазикот на Хурите и Хетите. Слични писма на изглед со овој систем на пишување се угаритското и староперсиското писмо.

Кинеското писмо има независно потекло од средноисточните писма, околу 16-от век п.н.е. (на почетокот на династијата Шанг), од доцниот неолитско-кинески систем на праписменоста, кој што датира од 6000-та година п.н.е. Предокот на колумбискиот систем на пишување на Америте (вклучувајќи ги Олмеците и Маите) се исто така општ предмет на мислење дека имаат независно потекло, иако некои експерти забележале сличности помеѓу системот на пишување на Олмеците и системот на пишување на Шанг. Според тоа се мисли дека месоамериканското пишување било увезено од Кина.

Азбука

Првата вистинска азбука (соодветно кажано „абџад“, пресликување на единични симболи во единични фонеми, но непотребно секоја фонема во симбол) произлегла некаде околу 2000-та година п.н.е. во древниот Египет. Но дотогаш, веќе пред еден милениум во египетските хиероглифи биле инкорпорирани азбучни принципи.

До 2700 година п.н.е. во египетскиот систем на пишување постоеле 22 хиероглифи кои ги претставувале слоговите што почнувале со една консонанта од нивниот јазик, плус една самогласка (или согласка) која била обезбедена од мајчиниот говорител. Овие глифи се користеле како водич за изговорот на логограмите, за да се пишуваат граматички промени и подоцна за да се транскрибираат позајмените зборови и странските имиња.

Иако сè изгледало како по азбучна природа, оригиналните унилитерали (зборови кои содржат само една буква) не биле систем и никогаш не се користеле за да се шифрира египетскиот говор. Некои мислат дека во средното бронзено време во централен Египет во 1700 година п.н.е. се развил азбучен систем за/од семитските работници, но заради нечитливоста точната природа на тие ракописи останува отворена тема за толкување.

Во следните 5 века, семитската азбука (всушност слоговна како феникиското писмо) се проширила на север. Сите подоцнежни азбуки од целиот свет, со исклучок на корејскиот Хангул (азбука на корејскиот јазик), или потекнуваат од нејзе или биле инспирирани од некои нејзини потомци.

Историја на телекомуникацијата

Историјата на телекомуникацијата т.е. преносот на сигнали преку поголемо растојание сè со цел за да се создаде комуникација започнала пред илјадници години со употребата на димните сигнали и тапани во Африка, Америка и во некои делови од Азија. Во 1790 година, во Европа се појавил првиот систем на семафори. Но, првите електрични системи за телекомуникација се појавиле во триесеттите години на 19 век.

Телекомуникација на далечина

Визуелни сигнали (не електрични):

• Праисториски: оган, сигнално светло, димни сигнали

• 6 век п.н.е.: пошта

• 5 век п.н.е.: пошта преку гулаб

• 4 век п.н.е.: телеграфи на вода

• 490 година п.н.е.: хелиографи (користење на светлосни сигнали)

• 15 век од нашата ера: наутички знамиња

• 1790 година од нашата ера: оптички телеграфи

• 19 век од нашата ера: Сигнални светла


Аудио сигнали:

• Праисториски: тапани, хорни

• 1838 година од нашата ера: електрични телеграфи

• 1876 година: телефон

• 1880 година: фотофон

• 1896 година: радио

Напредни електрични/електронски сигнали:

• 1927 година: телевизија

• 1930 година: видеофон

• 1964 година: телекомуникација преку оптички влакна

• 1969 година: компјутерско мрежно поврзување

• 1981 година: аналогни мобилни телефони

• 1982 година: електронска пошта

• 1983 година: интернет

• 1998 година: сателитски телефони