Ирина Себрова
Ирина Фјодоровна Себрова | |
---|---|
Изворно име | Ирина Фёдоровна Себрова |
Роден | 25 декември 1914 Новомосковск, Тула |
Починал | 5 април 2000 Москва, Руска Федерација |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941-1948 |
Чин | Прв поручник |
Единица | 588. Ноќен бомбашки полк |
Битки/војни | Втора светска војна |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Ирина Фјодоровна Себрова (руски: Ирина Фёдоровна Себрова; 25 декември 1914 – 5 април 2000) беше поручник и пилот на Советските воздухопловни сили кој служи во Ноќните вештерки за време на Втората светска војна. Себрова е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 за првите 825 бомбашки мисии.[1]
Ран живот[уреди | уреди извор]
Родена на 25 декември 1941 година во Тетјаковка, Новомосковск во работничко семејство, Себрова се преселува во Москва и дипломира на Московскиот Универзитет, по што работи во фабрика. На 23 години, веќе станува искусен инструктор по летање на летачкиот клуб Фрунзе во Москва. Во 1938 година, дипломира од Московскиот Аероклуб, а во 1940 година започнува да се обучува за воено воздухопловство.[1]
Воена кариера[уреди | уреди извор]
По придружувањето кон Црвената Армија во октомври 1941 година, ги завршува своите воени воздухопловни студии на Енгелс и е одредена на 588-от Ноќен бомбашки полк во 1942, кој подоцна е наречен „Ноќни вештерки“ од страна на германските трупи. Полкот подоцна е прогласен за гарда со името 46. Гарда на ноќен бомбашки полк под 4. воздухопловна армија. Себрова се вклучува кон Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1943. За време на војната, Себрова има 1008 летови со авионот По-2, а по 825-от лет е номинирана за признанието Херој на Советскиот Сојуз, што и го добива на 23 февруари 1945 година.[2][3]
Себрова се пензионира од воздухопловните сили во 1948, придружувајќи му се на Московскиот воздухопловен институт. Умира на 5 април 2000 година и е закопана на Ракитинските гробишта.[4]
Награди[уреди | уреди извор]
Со титулата Херој на Советскиот Сојуз, на Себрова ѝ е доделен Орденот на Ленин.[5] Исто така Ирина е добитник на три Ордени на Црвеното Знаме;[6][7][8] го добива и Орденот на Патриотската Војна од прва и втора класа;[9] the Order of the Red Star;[10] како и други јубилејни медали.[11]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Себрова Ирина Фёдоровна“. www.warheroes.ru (руски). Посетено на 2018-02-12.
- ↑ „Себрова Ирина Фёдоровна“. airaces.narod.ru. Посетено на 2018-02-12.
- ↑ Rakobolskaya, Irina; Kravtsova, Natalya (2005). Нас называли ночными ведьмами : так воевал женский 46-й гвардейский полк ночных бомбардировщиков. Moscow: University of Moscow Press. ISBN 5211050088. OCLC 68044852.
- ↑ „Надгробный памятник“. www.warheroes.ru (руски). Посетено на 2018-02-12.
- ↑ „Себрова Ирина Федоровна, Герой Советского Союза (Орден Ленина и медаль «Золотая звезда»)“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Себрова Ирина Федоровна, Орден Красного Знамени (1942)“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Себрова Ирина Федоровна, Орден Красного Знамени (1944)“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Себрова Ирина Федоровна, Орден Красного Знамени (1945)“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Себрова Ирина Федоровна, Орден Отечественной войны“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ „Себрова Ирина Федоровна, Орден Красной Звезды“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-04-01.
- ↑ Piero., Milanetti, Gian (2013). Soviet airwomen of the great patriotic war : a pictorial history. Roma: IBN. ISBN 9788875651466. OCLC 955303338.
- Родени во 1914 година
- Починати во 2000 година
- Жени пилоти
- Херои на Советскиот Сојуз
- Советски пилоти од Втората светска војна
- Членови на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз
- Добитници на Орденот на Советскиот Сојуз
- Добитници на Орденот на Патриотската Војна, прва класа
- Добитници на Орденот на Патриотската Војна, втора класа
- Руски пилоти
- Русинки во Втора светска војна
- Носители на Орденот на Црвената ѕвезда
- Носители на Орденот на Црвеното знаме
- Носители на Орденот на Ленин
- Починати во Москва
- Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен
- Носители на Орденот на Татковинската војна од II степен