Импулс (механика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Импулсот \vec{p} (постаро име: количество движење, на англ. momentum) или залет — во механиката претставува физичка величина што ја карактеризира мерката на механичкото движење на телата. Во класичната механика, импулсот на телата е еднаков на производот од масата m\, на телото (материјалната точка) и неговата брзина \vec{v}; насоката на импулсот се совпаѓа со насоката на векторот на брзината:

\vec p=m\vec v.

Единица мерка за импулсот во SI е кг·м/с (kg·m/s).

Во најопшт случај, импулсот на некое тело концептуално може да се сфати како настојување на тоа тело да го продолжи движењето во ист правец и насока, доколку на него не дејствува некоја надворешна сила. Во согласност со ова тој е природна последица на Њутновите закони за движењето.

Импулсот е конзервирана (зачувана) величина, што значи дека вкупниот импулс на било кој изолиран систем (систем кој не е под влијание на надворешни сили) не може да се промени.

Концептот за импулсот е воведен во класичната механика благодарение на голем број познати мислители и експериментатори, како што се Рене Декарт, Галилео Галилеј, Исак Њутн, Готфрид Лајбниц и други.

Импулс на систем од тела[уреди]

Импулсот на белата топка се пренесува на сите останати топки.

Во зависност од масата и брзината на телото[уреди]

Во класичната механика, вкупниот импулс на даден систем од тела (или честици) е векторски збир од импулсите на сите поединечни тела во системот:

\vec p= \sum_{i = 1}^n m_i \vec\mathbf{v}_i = m_1 \vec\mathbf{v}_1 + m_2 \vec\mathbf{v}_2 + m_3 \vec\mathbf{v}_3 + ... + m_n \vec\mathbf{v}_n

каде:

\vec p е импулсот на системот
 m_i\, е масата на телото i
\vec\mathbf{v}_i е брзината на телото i
 n\ е бројот на телата во системот.

Во врска со силата[уреди]

Според Вториот Њутнов закон, силата е еднаква на промената на импулсот во единица време (прв извод на импулсот по времето):

\vec{F} = {\mathrm{d}\vec{p} \over \mathrm{d}t}.

Кога масата на телото е постојана се применува вообичаената равенка за сила (основна равенка на динамиката), односно \vec{F} = m\vec{a} . Олеснувачка околност е што овој случај е многу чест.

Кога системот се наоѓа во рамнотежа, тогаш промената на импулсот во единица време (силата која дејствува на системот) е еднаква на 0, т.е. \vec{F} = {\mathrm{d}\vec{p} \over \mathrm{d}t} = \ m\vec{a} = 0