Ив Бисума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ив Бисума
Лични податоци
Полно име Ив Бисума[1]
Роден на 30 август 1996(1996-08-30)(27 г.)[2]
Роден во Исиа, Брег на Слонова Коска
Држава Мали Мали
Висина &100000000000001820000001,82 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 38
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2016 Реал Бамако Реал Бамако 13 (0)
2016-2017 Лил Лил 47 (3)
2017-2022 Брајтон Брајтон 112 (3)
2022- Тотенхем Тотенхем 23 (0)
Репрезентација
2015 Мали Мали 23 3 (0)
2015- Мали Мали 28 (3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014

Ив Бисума (роден на 30 август 1996 година, во Исиа) — малиски фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем и на репрезентацијата на Мали.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Играч од средниот ред со основна задача да ја расипува играта на противникот, но исто така може да игра и пред одбраната како плејмејкер. Располага со голема физичка сила, покрива многу терен и е одличен во враќање на поседот на топката за својот тим.[3]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Брегот на Слоновата Коска, но израснат во Мали, тој ја започнал својата кариера во 2009 година во редовите на СК Мажестик. Во 2014 година, тој се преселил во Реал Бамако каде истата година го направил своето професионално деби. Во овој клуб останал околу две години, пред да ја напушти татковината и да замине во Европа.

Во 2016 година, тој бил купен од францускиот клуб Лил.[4] На 28 јули, го имал своето деби за францускиот клуб во натпревар од квалификациите за УЕФА Лига Европа против Габала што завршил 1-1. Потоа, на 20 септември, тој дебитирал во француската Лига 1, во поразот со 1-2 од Тулуза. Својот прв гол во кариерата го постигнал на 11 јули 2017 година, против Анже. Вкупно за Лил има 55 натпревари и 4 гола.

Во 2018 година, Бисума се преселил во Брајтон, со кого потпишал петгодишен договор.[5] Дебитирал за клубот од Источен Сасекс, на 11 август 2018, во поразот со 2-0 од Вотфорд на отворањето на сезоната во Премиер лигата. Тоа воедно било и неговото деби во англиското првенство. На 5 јануари 2019 година, Бисума го постигнал својот прв гол за Брајтон во победата со 3-1 на гостувањето кај Борнмут во третата рунда на ФА Купот.[6] Својот прв гол во Премиер лигата, тој го постигнал во последното коло од сезоната 2019-2020 со удар од далечина во победата со 2-1 на гости против Барнли.[7]

На 22 јуни 2022 година, Бисума потпишал четиригодишен договор со Тотенхем.[8]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Своето деби за репрезентацијата на Мали, го направил на 18 октомври 2015, на возраст од само 19 години, во победата со 2-1 на домашен терен над Мавританија во натпревар од квалификациите за Африканското првенство на нации 2016. Потоа, тој настапил во завршницата од ова првенство и постигнал гол во полуфиналето против Брег на Слоновата Коска, со кој Мали прославил победа од 1-0 и пласман во финалето. Сепак, таму тие загубиле со 3-0 од ДР Конго.

Тој ја претставувал својата земја на две изданија на Африканскиот куп на нации во 2017 и 2021 година.

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 28 февруари 2022

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2016-2017 Франција Лил Л1 23 1 КФ+ЛКФ 3+0 0+0 ЛЕ 1[9] 0 - - - 27 1
2017-2018 Л1 24 2 КФ+ЛКФ 2+2 1+0 - - - - - - 28 3
Вкупно Лил 47 3 7 1 1 0 - - 55 4
2018-2019 Англија Брајтон ПЛ 28 0 ФАКуп+ЛК 5+1 1+0 - - - - - - 34 1
2019-2020 ПЛ 22 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 23 1
2020-2021 ПЛ 36 1 ФАКуп+ЛК 3+0 1+0 - - - - - - 39 2
2021-2022 ПЛ 18 0 ФАКуп+ЛК 1+1 1+0 - - - - - - 20 1
Вкупно Брајтон 104 2 12 3 - - - - 116 5
Вкупно во кариерата 151 5 19 4 1 0 - - 171 9

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2018/19 Premier League squads confirmed“. Premier League. 3 September 2018. Посетено на 4 September 2018.
  2. 2,0 2,1 „Yves Bissouma: Overview“. Premier League. Посетено на 26 August 2019.
  3. „Alla scoperta di Yves Bissouma“. 22 април 2021. Архивирано од изворникот на 2022-02-27. Посетено на 2022-02-27.
  4. „Bissouma firma il suo primo contratto da professionista con il Lille“. 7 јули 2016.
  5. „Il Brighton acquista Yves Bissouma“. 17 јули 2018.
  6. „FA Cup: AFC Bournemouth 1-3 Brighton & Hove Albion highlights - BBC Sport“. BBC Sport. 5 January 2019. Посетено на 5 January 2019.
  7. „Burnley 1-2 Brighton: Yves Bissouma's stunning strike sees of Clarets - BBC Sport“. BBC Sport. 26 July 2020. Посетено на 26 July 2020.
  8. „Bissouma joins Spurs“ (англиски). Посетено на 2022-06-17.
  9. Во квалификациските кола

Надворешни врски[уреди | уреди извор]