Ивана Трамп

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ивана Трамп

Ивана Трамп во октомври 2007
Роден(а) Ивана Мари Зелничкова
февруари 20 1949 (1949-02-20) (65 г.)
Готвалдов, Чехословакија
Народност Чехиња
Занимање атлетичарка, модел
Активен период 1970–сè до денес
Богатство $60-65 милиони[1][2]
Сопружник Алфред Винклмајр (1971–76)
Доналд Трамп (1977–92)
Рикардо Мацучели (1995–97)
Росано Рубиконди (2008–2009)
Деца Доналд Џон Трамп
Иванка Трамп
Ерик Трамп
Родители Милош Зелничек
Maria (née Francova)
Страница
IvanaTrump.com

Ивана Трамп (родена како Ивана Марија Зелничкова,на 20 февруари 1949 година) е поранешна олимписка спортиска, жена од џет сетот и модел, која е славна по нејзиниот брак со Доналд Трамп.

Рани години[уреди]

Ивана беше ќерка на милош и Мариа од Готвалдово,Чехословачка, сегашен Злин,Република Чешка.Од мали години нејзиниот татко го поттокнуваше и охрабруваше нејзиниот талент за скијање.Во 1972 година,Ивана Зелничкова беше изберена како замена во Чехословачкиот олимписки тим,кој и овозможи неколку прилики да патува надвор од Комунистичкиот блок.Една година порано,таа се омажи за автрискиот скијач Алфред Винклмаер,со цел да добие странски пасош за комунистичките власти да не ја сметаат за дезертер.

Во почетокот на седумдесетите Ивана магистрираше на Фкултетот за физичка култура при Универзитетот Чарлс во Прага.Во 1975 година таа ја напушти Чехословачка и заминува во Канада,кај својот другар од детството Џорџ Суроватка,кој е сопственик на продавница за скијачка опрема.Следните две години живее во Монтреал и работи како модел за некои од канадските врви кожни компании.Во 1976 година се разведува од Винклмаер,го напушта Суроватка и се преселува во Њујорк да ги промовира Олимписките игри во Монтреал.Њујорк е местото каде таа го запознава Доналд Трамп,син на познатиот инвеститор во недвижнини, Фред Трамп.

Бракови и семејство[уреди]

На 7 април 1977 година,Ивана се омажува за Трамп со општествено раскошна свадба.Семејството на Трамп станаа водечки личности во Њујоршкото високо општество и бизнисите во осумдесетите.Тие почнаа да работат на неколку големи проекти,вклучувајќи ја изградбата на Гранд Хајат Хотел,одмаралиштето Трамп Тау Махал Казино во Атлантик Сити,Њу Џерси и Трамп Кулата на Петтата авенија во Менхетн.Тие имаат три деца:Доналд Џон Џуниор (роден на 31 декември 1977 година), Иванка Марија (родена на 30 октомври 1981 година) и Ерик (роден на 6 јануари 1984 година).Таа има четири внуци.Три од бракот на нејзиниот најстар син со ванеса Хајдон (Vanessa Haydon):Кам Медисон (роден на 12 мај 2007 година),Доналд Џон Трамп III (роден на 18 февруари 2009 година ) и Тристан Милош (роден на 20 октомври 2011 година) и една од брак на својата ќерка:Арабела Роуз (родена 17 јули 2011 година).

Ивана Трамп има голема улога во организацијата Трамп.Таа стана потпретседател на внатрешниот дизајн за компанијата предводејќи го дизајнираниот потпис на Трамп Кулата.После тоа,Доналд ја назначи неа за претседател на Trump Castle Hotel and Casino.Таа стана американски државјанин во 1988 година.

Во доцните осумдесети,Трамп одлучи да го напушти Атлантик Сити со цел да посвети повеќе внимание на семејството.Како и да е,Доналд ја прашла Ивана да го надгледува обновувањето на атракцијата-хотелот Плаза и таа ја презеде функцијата на претседател.Таа беше изберена за хотелиер на годината во 1990 година.Работата на Трамп во Плаза ќе биде врвот на нејзината работа во рамките на организацијата Трамп.

Кон крајот на таа година,почнаа да кружат гласини дека Доналд има афера со поранешната убавица од Грузија,Marla Maples.Додека семејството било на одмор во Аспен,Колорадо,за божиќните празници Ивана ја сретнала Maples на ски патеките;нивното соочување беше објавено следниот ден во New York Post.Во 1991 година,Ивана го ангажира адвокатот Нил Папиано и поднесе барање за развод,барајќи голем дел од семејното богатство,повеќе од она што било наведено во предбрачниот договор.Доналд возвратил со жалба на тврдењето на Ивана во судот,дека таа придонела за организацијата Трамп.

Бракоразводната битка ги разгоре долгогодишните делови во озборувачките колумни.Ситуацијата беше решена по ненадејната смрт на татко и на Ивана,кој почина на возраст од 63 години од срцев удар.Семејството Трамп застана рамо до рамо на погребот и нивниот развод беше решен набргу потоа.

Иако нагодбата остана зад затворени врати во судовите,се шпекулира дека Ивана доби 20 милиони долари,семејниот имот во Калифорнија вреден 14 милиони долари,станбен додаток вреден 5 милиони долари, 350.000 долари годишна алиментација,целиот нејзин накит и 49% од Мар-А-Лаго,семејниот дом во Палм Бич,кој исто така служи и како приватен клуб за елитата на Палм Бич.Набргу по разводот од Трамп, Ивана се омажи за Riccardo Mazzuckhelli.Бракот не ја доживеа втората годишнина.Трамп поднесе тужба против Mazzuckhelli вредна 15 милиони долари,поради прекршување на доверливата клаузула во нивниот предбрачен договор.Судската парница беше решена надвор од судот.Во април 2008 година,59-годишната Трамп се омажи за нејзиниот он/офф партнер,Росано Рубиконди,кој е помлад од неа 24 години.Венчавката од 3 милиони долари,на која беа поканети 400 гости,чиј домаќин беше поранешниот сопруг Доналд,се одржа на неговиот имот Мар-А-Лаго на Флорида.Ќерката на Трамп,Иванка во реалното шоу Аpprentice, беше нејзина деверуша.На 1 декември 2008 година,Трамп за Associated Press потврди дека таа поднела барање за легална разделба три месеци предходно,во интервјуто таа изјави дека таа и нејзиниот сопруг имаат он/офф врска.Рубиконди стана една од sвездите на италијанското реално шоу l’isola dei famosi (Celebrity Survivor) во 2008 година.

Кариера[уреди]

Набргу по нејзиниот развод од Доналд Трамп,Ивана потпиша за агенцијата Вилијам Морис и разви сопствени модни линии на облека, моден накит и производи за убавина кои беа успешно продавани преку телевизиските шопинг канали.Таа исто така има напишано неколку бетселери,вклучувајќи ги романите For love Alone Lycy Wilkins и Free to love и книгата за самопомош The best is Yet to Come:Coping with Divorce and Enjoying life Again.Во 2001 година,Трамп пишуваше советодавни колумни за списанието Divorce.Таа играше споредна улога во холивудскиот филм „Клубот на првите сопруги“ со нејзината впечатлива изрека :„Запамтете девојки- немојте да се лутите,земете се.”

Трамп во моментов е вклучена во спор со Доналд заради употребата на нејзиното име за услужните дејности со недвижности.

Трамп неодамна тужеше финска модна компанија обвинувајќи ја за продажба на женска облека која го содржела нејзиното име,кое било употребено без дозвола.

Трамп во 2006 година беше домаќин на реалните шоуа за љубовни состаноци” Ivana Young Man”, на мрежата Oxygen.

Веб страницата на Трамп го истакнува нејзиниот парфен „Ivana Haute Couture# и козметичките линии,како и нејзината колекција на резбан накит,дизајниран во соработка со италијанската резбарска фирма M+M Scognamiglio.

Трамп зеде учество во Celebrity Big Brother во јануари 2010 година.Таа влезе на 9 јануари,а заврши како седма на 27 јануари,на два дена пред финалето.Таа во март 2010 година беше гостин на островот во италијанското шоу L’isola dei famosi,еден вид на Celebrity Survivor.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]