Зуица Лазова

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Зуица Лазова е позната македонска фолк пејачка. Таа е родена во Штип. Работи како учител по акордеон во музичкото училиште во Скопје. Учествувала на фестивали за традиционални песни во Македонија, како на пример, „Валандово“, „Цветници“, „Охрид фест“[1], „Низа“, „Роса“[2]. Нејзините песни во Македонија се популарни и широко прифатени. Учествувала на фестивали и во Бугарија. Заедно со други македонски исполнители, наградувана е на фестивалот „Пирин фест“. Најпозната нејзина песна е „Утринска коба“ која била избрана и за песна на годината[3]. Мажена е за познатиот македонки фолк пејач Наум Петрески со кого живеат во Скопје.[4]

[уреди] Наводи

  1. Биба Додева и Зуица Лазова најдобри за публиката“, Дневник. Проверено на 2011-06-22. (на македонски)
  2. Седум години фестивал „Роса“ на 1 декември“, Утрински Весник, вторник, 28 ноември 2006. Проверено на 2011-06-22. (на македонски)
  3. "Утринска коба" на Зуица Лазова прогласена за фолк-хит на годината“, Дневник. Проверено на 2011-06-22. (на македонски)
  4. Зуица и Наум ќе градат куќа во Припор“, Утрински Весник, 13 декември 2006. Проверено на 2011-06-22. (на македонски)

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник