Знаме на Мекленбург-Западна Померанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Знаме на Мекленбург-Западна Померанија
}}
Назив Државно знаме (Dienstflagge)
Употреба Државно и пловно знаме
Сразмер 3:5
}}
Варијанта на знамето на Мекленбург-Западна Померанија
Назив Цивилно знаме (Landesflagge)
Употреба Граѓанско и пловно знаме
Сразмер 3:5

Знаме на Мекленбург-Западна Померанијазнаме користено од германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија.

Пет официјални предложени знамиња биле разгледувани во 1990, но сите биле одбиени. На крајот, дизајнот на Норберт Буске, тогаш член на парламентот на Мекленбург-Западна Померанија, бил прифатен. Не било претпочитано од страна на германските вексилолози.[1] За кратко време во 1990 било користено неофицијално знаме (трибојното знаме на Мекленбург, заедно со неговиот грб).[2]

Граѓанско знаме[уреди]

Граѓанското знаме (Landesflagge) прикажува пет хоризонтални ленти, сина-бела-жолта-бела-црвена, прикажани во различен сооднос, обично 4:3:1:3:4. Сината лента, обележана како ултрамарин („ultramarinblau“), е најгоре. Средишната лента е жолта, најдолната е црвена („zinnoberrot“).[3] Ги прикажува боите на покраината Мекленбург-Западна Померанија (сина, бела, жолта и црвена), кои се одредени со првиот член од покраинскиот устав.[4] Обете знамиња се прикажани во сооднос 3:5. Била создадено преку спојување на знамињата на Мекленбург (хоризонтално трибојно знаме со сини, златни и црвени ленти) и пруската Покраина Померанија (двобојно знаме, сино-бело), во употреба од 1882.[3][5]

Боја CMYK HKS RAL
Сина (Ultramarinblau) 100/70/0/0 43 RAL 5002
Жолта (Gelb) 0/0/100/0 3 RAL 1021
Црвена (Zinnoberrot) 0/100/100/0 13 RAL 3020

Државно знаме[уреди]

Државното знаме (Dienstflagge) е граѓанското знаме, на кое се ставени глава на бик и грифин (двата симбола од грбот на Мекленбург-Западна Померанија). Средишната жолта лента а е прекината на местото на симболите. Го користат полициските бродови на покраината[3] и од официјалните тела на покраината. Исто така се прикажува на официјални настани.[3][5]

Наводи[уреди]

  1. Предлози за знаме 1990 (Мекленбург-Западна Померанија, Германија) на Flags of the World . 21 февруари 2010.
  2. Неофицијално знаме користено во 1990 на Flags of the World . 21 февруари 2010.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Знаме на Мекленбург-Западна Померанија на Flags of the World . 21 февруари 2010.
  4. Verfassung des Landes Mecklenburg-Vorpommern (Устав на Покраината Мекленбург-Западна Померанија). Die Verfassungen in Deutschland. 2000, 2006. 21 февруари 2010. Шаблон:De-icon
  5. 5,0 5,1 Покраинско знаме. Портал на Мекленбург-Западна Померанија. 21 февруари 2010.