Знаме на Доминика
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Употреба | Државно и пловно знаме |
|---|---|
| Сразмер | 1:2 |
| Усвоено | 3 ноември 1978 |
| Опис | Зелено знаме со крст во жолта, бела и црна боја. Во средината има црвен диск со папагал и 10 ѕвезди. |
Знамето на Доминика е официјалното знаме на државата кое било усвоено на 3 ноември 1978 година, но до денес претрпело ситни промени во 1981, 1988 и 1990 година. Знамето е составено од зелена позадина на која има крст составен од три ленти во жолта, црна и бела боја. Во центарот на знмаето има црвен диск во кој има приказ на 10 зелени ѕвезди кои опколуваат папагал, националната птица на Доминика. Овој вид папагал е национална птица, може да се најде само на Доминика и има неколку единки. Зелената боја ја претставува вегетацијата на островот. Крстот го претставува Христијанството а трите бои од кои е составен крстот ги симболизираат староседелците, плодната земја и чистата вода. Десетте ѕвезди ги претставуваат 10 парохии од кои е административно составена Доминика, додека црвениот диск претставува социјална правда.
[уреди] Наводи
[уреди] Видете исто така
|
||||||||||||||