Знаме на Мексико

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Знаме на Мексико
}}
Употреба Државно и пловно знаме
Сразмер 4:7
Усвоено 16 септември 1968
Опис Три вертикални ленти во зелена, бела и црвена боја. Во средината на знамето, на белата лента, се наоѓа националниот грб на републиката.
Творец Франсиско Епенс Хулгера

Знамето на Мексико е официјалното знаме на државата. Знамето е составено од три еднакви вертикални ленти во зелена, бела и црвена боја каде во средината на знамето и белата лента се наоѓа државниот грб. Боите се национални бои во државата и бои на војната за независност на Мексико. Овие бои се користат уште од независноста на државата, но во овој дизајн од 1968. Ова знаме наликува на италијанското, но сепак мексиканското знаме е постаро од италијанското, помало е во димензии и боите се потемни. Денес, зелената боја симболизира надеж, белата боја унија и црвената боја ја симболизира крвта на националните херои. Симболизмот на боите варирал во минатото. Централен мотив на грбот е пиктограм за Теночтитлан, центарот на Ацтечката Империја.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]