Зимзоград
Зимзоград (зимски град во центарот на Бања Лука) е место кое има за цел промоција на позитивни емоции поврзани со многубројните празници во периодот на одржувањето. Тоа подразбира: пружање на забава за сите генерации во празничните денови, промоција на традиционалните вредности, како и туристичка презентација на градот и промоција на стопанските и спортските брендови на Република Српска.[1] Се поставува на бањалучкиот плоштад Крајине во период од 15 декември до 15 јануари.[2]
Легенда за Зимзоград[уреди | уреди извор]
Некогаш одамна зад една гора, три мориња и пет планини живеел Зимзолин. Мал човек со големо срце кој по углед на Самсона не се шишал. Бил познат по својата развеселеност, барање на забава, но и по правење на добри дела. Заспал Зимзолин една ѕвездена ноќ и сонил необичен сон - добрата вила му дала задача која гласела вака: Ќе изградиш град кој ќе биде полн со радост и мир, кој ќе прави да се чувствуваат луѓето опуштено како во бања, а кој ќе им пружи мир како сигурно пристаниште-Лука.
Се разбудил Зимзолин сиот во пот, но среќен бидејќи добил мисија која засекогаш ќе го промени неговиот живот. Одел денови и ноќи за да најде погодно место. На почетокот на декември Зимзолин покрај река пронашол град кој бил и бања и лука-пристаниште во кој живеат луѓе со широка насмевка и големо срце и тука изградил онолку куќички колку што имал браќа и сестри. Граѓаните во негова чест на градот му дале име Зимзоград, и се договориле дека во иднина од секој 15 декември па се во наредните месец дена ќе слават, ќе се веселат и ќе ги негуваат празничните вредности, мислејќи на Зимзолин бидејќи тој тоа токму така и го замислил.[3]
Град во Град[уреди | уреди извор]
На самиот влез во Зимзоград се наоѓа патоказ. Зимзоград го сочинуваат дрвени куќички кои ги има вкупно 24. Куќичките се замислени како промотивни штандови на кои стопанските субјекти, најмногу спортски субјекти и туристички организацији - промовираат стокови и спортски брендови од Република Српска и нудат сувенири. Во понуда за посетители се и: слатки, производи од мед, месни производи, уштипци, новогодишен накит, греано вино, пиво, ракија, сувенири за туристи ... РК Борац Бања Лука и ФК Борац Бања Лука имаат во рамки на своите куќички во понуда клупски сувенири, како најголеми спортски брендови од Српска. Во Зимзоград постои и луна парк за најмладите посетители. Во „Детскатај куќа“ децата имаат прилика да се фотографираат со Дедо Мраз и неговите помошници и добиваат пакетчиња во посебно дизајнирани вреќички со озанка на Зимзоград.[4] Во централниот дел на овој зимскиград поставена е посебно украсена новогодишна елка висока неколку метри. Во „Веселата куќа“ се одржуваат журки (свирки и концерти) во текот на сите 30 дена. А „главната улица“ на Зимзоград украсена е со 10.000 новогодишни светилки.[5]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Куќичка
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ [1] Архивирано на 24 декември 2013 г., Туристичка организација Бања Лука
- ↑ [2], Независне новине
- ↑ Зимзолин Архивирано на 15 декември 2013 г., Тајна Зимзограда
- ↑ Град Архивирано на 24 декември 2013 г.Бања Лука
- ↑ Путоказ[мртва врска][мртва врска], Трг радости