Заза Пачулија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Заур „Заза“ Пачулија
Пачулија во 2008.
Пачулија во 2008.
Позиција центар
Висина 2,11 м
Тежина 125 кг
Екипа Atlanta Hawks
Број 27
Роден 10 февруари 1984
Тбилиси, Грузиска ССР, СССР
Националност Грузиец
Проф. кариера 1999–

Заза Пачулија[1] (грузиски: ზაზა ფაჩულია) (роден Заур Пачулија; 10 февруари 1984) е грузиски професионален кошаркар кој игра за NBA тимот Atlanta Hawks и грузискиот национален состав, каде е и капитен.[2]

Рана кариера[уреди]

Пачулија бил успешен кошаркар уште кога бил мал. Тој имал околу 2.04 метри на 13 годишна возраст. Пачулија, уште кога бил тинејџер, бил земен во тимот на турскиот прволигаш Улкерспор. Наскоро Пачулија заиграл и за националниот тим на Грузија и со тоа државата започнала да забележува успеси.

НБА[уреди]

Штом се истакнал во Улкерспор, тој бил во вториот драфт на Orlando Magic во 2003, а во 2004 играл за Charlotte Bobcats. Во сезоната 2004-2005 играл за Milwaukee Bucks.[3] Од 2005 година Пачулија игра за Атланта.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]