Жолто тело

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Жолтото тело (на латински corpus luteum) е мала, привремена ендокрина структура кај животните. Се развива од оваријален фоликул за време на лутеинската фаза од оваријалниот циклус, од кого ќе се развие зрела јајце клетка во овулацијата. Додека јајце клетката преминува преку јајцеводите во матката, жолтото тело останува во јајчникот. Тоа се содава 8 ден од овулацијата.

Функција[уреди]

Жолтото тело е есенцијално за воспоставување и одржување на бременоста на жената. Во јајчникот, жолтото тело лачи естрогени и прогестерон, кои се стероидни хормони одговорни за истенчувањето на ендометриумот и неговиот развиток и одржување. Доколку не дојде до оплодување на јајце клетката, жолтото тело престанува да лачи прогестерон и дегенерира (по приближно 14 дена кај луѓето). Тогаш тоа преминува во бело тело, кое е маса од фиброзно ткиво.

Доколку настане оплодување, плацентата го секретира хормонот човечки хорионски гонадотропин (hCG) или сличен хормон кај другите видови. Овој хормон го сигнализира жолтото тело да продолжи со лачењето на прогестеронот за да го одржи ендометриумот во кој ќе се смести зиготот. Од тука натаму жолтото тело се нарекува corpus luteum graviditatis. Вмешувањето на хормонот простагландин предизвикува дегенерација на жолтото тело и абортус на фетусот. Како и да е, кај плаценталните животни како човекот, плацентата ја презема и функцијата на секреција на прогестерон, така што жолтото тело дегенерира во бело тело без загуба на ембрионот или фетусот.

Структура[уреди]

Жолтото тело е обично релативно многу поголемо од јајчникот; кај луѓето, големината варира од 2 до 6 cm во дијаметар. Клетките на ова тело се развиваат од фоликуларните клетки кои го обиколуваат оваријалниот фоликул. Гранулозните клетки постануваат надворешна granulosa lutein обвивка и секретираат прогестерон. Theca interna клетките постануваат внатрешната theca lutein обвивка која секретира естроген.

Надворешни врски[уреди]

Ендокрин систем
Надбубрежна жлезда | Жолто тело | Хипоталамус | Бубрег | Јајчници | Панкреас | Параштитна  жлезда | Епифиза | Хипофиза | Тестиси | Штитна  жлезда