Жил Жанен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жил Жанен
Jules Janin
Жил Жанен
Роден/а16 февруари 1804(1804-02-16)
Сент Етјен, Франција
Починат/а19 јуни 1874(1874-06-19) (возр. 70)
Париз, Франција
Занимањеписател и критичар
Националностфранцуска
ПериодXIX век
Жил Жанен од Давид д’Анже

Габриел-Жил Жанен (француски: Gabriel-Jules Janin), (Сент Етјен, 16 февруари 1804[1]Париз, 19 јуни 1874) – француски писател и драмски критичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Како син на адвокат, Жанен добива добро образование, најпрво во својот роден град, потоа во гимназија во Париз. Рано почнал да се занимава со новинарство и работи за „Париска ревија“, „Ревија на два света“, „Фигаро“ и „Котидјен“. Тој е еден од основачите на „Париска ревија“ и „Детски весник“. Во 1827 година станал познат со романот „Мртвото магаре и гилотираната жена“ (L’Âne mort et la femme guillotinée). „Исповед“ (La Confession) во 1830 година, не толку длабок, но со уште позабележителен стил, и „Барнав“ (Barnave) во 1831 година, каде ја напаѓа фамилијата Орлеанови, ја воспоставуваат неговата репутација.

Во меѓувреме се вработува како критичар во „Журнал де деба“ (Journal des Débats), каде останува четириесет години. Неговиот авторитет му го носи прекарот „принц на критичарите“.

После бројни обиди, на 7 април 1870 година, избран е во Француската академија каде го зел местото на Шарл Огистен Сент-Бев.

Во 1874 година, Александр Пједањел (неговиот секретар) издал книга за Жил Жанен со библиографија.

Жанен го посетувал замокот Сент Обен, сопственост на родителите на неговата жена, во близина на Гајон.

Погребан е на гробиштата Евре.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Неговиот извод од матичната книга на родените може да се види на Archives départementales de la Loire, датиран „дваесет и осмиот ден на пливиоз дванаесетта година на Републиката“ што значи дека е роден на 16 февруари 1804 година. Разни извори даваат различни податоци, на пример семрежното место на Француската академија наведува дека е роден на 4 декември 1804 година

Надворешни врски[уреди | уреди извор]