Епоксид
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Епоксид е цикличен етер со само три атоми од прстенот. Овој прстен е приближно рамностран триаголник, односно неговите агли на врските се околу 60°, што го прави доста спрегнат. Спрегнатиот прстен ги прави епоксидите пореактивни отколку другите етери, особено кон нуклеофили. Простите епоксиди се именуваат од матичното соединение етилен оксид или оксиран, како во хлорометилоксиран. Како функционална група епоксидите ја имаат претставката епокси-, како во соединението 1,2-епоксициклохептан, кое може да се именува и како циклохептан епоксид.
Полимер направен од епоксидни единици се нарекува полиепоксид или епокси. Епокси смолите се користат како адхезиви и структурни материјали. Претставник е епоксиетанот.