Ендометриоза

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ендометриоза е честа состојба која погодува околу 10% од жените. Тоа е состојба при која ткивото кое обично ја покрива матката расти се наоѓа на други невообичаени места во телото. Најчесто, ендометриозата се наоѓа во карличниот дел. Овие израслини може да предизвикаат бројни симптоми како што се болки во карличниот дел и неплодност.

Точниот причинител на оваа болест сѐ уште не се знае. Најпопуларна теорија е дека за време на менструацијата менструалното ткиво поминува назад низ јајцеводите и во карлицата каде што се зацврстува и расте. За сега се мисли дека ендометриозата е наследна.

Дијагноза[уреди]

Ако жената има ендометриоза во јајниците тоа обично ќе се покаже со ултразвук. Најточна дијагноза може да се постави само со лапароскопија или пак со отворена операција. Лапароскопијата е постапка кога мал телескоп се вметнува низ мал отвор во стомакот. Лапароскопијата е корисна за да се постави дијагноза, а исто така помага да се утврди колку сериозна е ендометриозата. Таа всушност му помага на лекарот да избере најдобар начин на лекување.

За да се потврди дијагнозата ќе се направи и патолошки тест (биопсија). Ова е важно зашто често пати ендометриозата се меша со други болести. За сега не постојат тестови за ендометриоза без користење на оперативна постапка.

Симптоми[уреди]

Многу жени имаат ендометриоза без симптоми или проблеми, меѓутоа тоа не секогаш е случај. Често симптомите од ендометриозата се:

  • Болки при менструацијата
  • Болки при сексуален однос
  • Болки во карлицата вон времето на менструација
  • Болки во грбот
  • Недостаток на енергија
  • Болки во стомакот.

Влијание врз плодноста[уреди]

Кај некои жени кои имаат потешкотии да останат бремени понекогаш се дијагностицира ендометриоза, иако немаат никакви симптоми. Кај некои од нив лузни на ткивото како последица од ендометриоза ќе предизвика запушување на јајцеводите. Меѓутоа, кај повеќето жени не е познато како ендометриозата влијае на плодноста. Теориите велат дека енометриозата:

  • влијае да се создадат јајцеви клетки кои тешко ќе се оплодат
  • произведува природни отрови за спермата.

Извор[уреди]

Надворешни врски[уреди]