Баскиска татковина и слобода

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од ЕТА)
Прејди на: содржини, барај
Баскиска татковина и слобода
ETA-logo.jpg
Функционира 31 јули 195920 октомври 2011
Водач Зуба
Подрачја Баскија
Шпанија
Франција
Европска Унија
Идеологија Национализам

Баскиска татковина и слобода (на баскиски: Euskadi Ta Azkatasuna (ETA)) e воена баскиска националистичка и сепаратистичка организација. Групата е основана во 1959 година и оттогаш еволуирала од група која ја промовирала традиционалната баскиска култура во паравоена група со цел стекнување на независност за Баскија [1][2]. ЕТА е главна организација на баскискиското движење за национално ослободување и е најважен учесник во баскискиот конфликт. ЕТА прогласила прекин на огнот во 1989 година, 1996, 1998 и 2006 година, но потоа истите ги прекршила. Сепак, на 5 септември 2010 година, ЕТА прогласила ново примирје [3], кое се уште е во сила, а на 20 октомври 2011 ЕТА најавила "конечен престанок на нејзините вооружени активност" [4].

Мотото на ЕТА е Bietan jarrai ("Задржете ги двете"), алудирајќи на двата свои симбола, змија ( која ја претставува политика) обвиткана околу секира (која ја претставува вооружена борба) [5][6][7].

Од 1968 година, ЕТА е одговорна за убиствата на 829 лица, при што биле повредени илјадници луѓе и биле преземени десетици киднапирања [8][9][10][11]. Групата е дефинирана како терористичка организација од страна на шпански, британски и француски институции, како и од страна на Европската унија и Соединети Американски Држави [12].

Извори[уреди]

  1. (шпански) Goiz Argi. Goiz Argi. Retrieved on 30 January 2011.
  2. (шпански) Goiz Argi. Goiz Argi (27 January 2002). Retrieved on 30 January 2011.
  3. „Basque separatist group Eta 'declares ceasefire'“. BBC News. 5 септември 2010. http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-11191395. конс. 5 септември 2010. 
  4. Basque group Eta says armed campaign is over“, BBC News, 20 октомври 2011 (конс. 20 октомври 2011).
  5. Quiosco | El Mundo en ORBYT. Elmundo.es. Retrieved on 30 January 2011.
  6. ETA, una serpiente vacilante. elmundo.es. Retrieved on 30 January 2011.
  7. De patrulla por Vitoria. elmundo.es (24 March 2006). Retrieved on 30 January 2011.
  8. „Lista de víctimas mortales“ (на Spanish). „Ministerio del Interior“. http://www.mir.es/DGRIS/Terrorismo_de_ETA/ultimas_victimas/p12b-esp.htm. конс. 19 септември 2010. 
  9. „Datos significativos del conflicto vasco, 1968–2003“ (на Spanish). „Eusko News“. 2003. http://www.euskonews.com/0256zbk/gaia25604_01.html. конс. 19 јануари 2011. 
  10. ETA has killed 829 people as of 19 January 2011, Spanish Ministerio del Interior
  11. Peace at Last? | People & Places|Smithsonian Magazine. Smithsonianmag.com. Retrieved on 30 January 2011.
  12. Foreign Terrorist Organizations (FTOs). Web.archive.org (9 July 2008). Retrieved on 30 January 2011.