Доцно бронзено доба

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трипериоден систем
Холоцен Железно доба Протоисторија
Доцно бронзено доба  
Средно бронзено доба
Рано бронзено доба
Бронзено доба
Бакарно доба (енеолит)    
Младо камено доба (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено доба

Остатоци од доцното бронзено доба се забележуваат на површината на три различни континенти. Африка минува директно во железно доба, без притоа да има забележливи докази дека тука посебен развиток имало и бронзеното доба. Железното доба, периодот што го означува крајот на бронзеното доба, се појавува кон крајот на вториот милениум пред нашата ера, најпрво во Анадолија, потоа во пределот на Ориентот и во Египет, пред да се прошири низ Грција и Италија, односно и низ целата територија на Европа најдоцна до 900 година п.н.е., речиси 400 години пред појавата на железното доба во Азија.

Во западна Европа, доцното бронзено доба се карактеризира со појавата на цивилизацијата на урните. Причината за дифузијата на оваа култура, наречена така поради тоа што своите мртви ги кремирале и ги закопувале во урни, тешко може да се прецизира: чести напади, миграција, асимилација или можеби попогодни услови за трговска размена.