Допамин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Допаминот е невротрансмитер се излачува кај широк спектар на животни, вклучувајќи ги и 'рбетниците и без'рбетниците. Во мозокот, овие феноталамински функции како што се невротрансмитерите, активираат пет видови на допамин рецептори како: Д1, Д2, Д3, Д4 и Д5, и нивни варијанти. Допаминот се произведува во повеќе делови од мозокот, вклучувајќи ја и мозочната црна супстанција и вентралната обвивка. Допамин е исто така хормон лачен од страна на хипоталмусот. Неговата главна функција како хормон, е да го спречи испуштањето на пролактин од предниот резен на хипофизата. Допамин може да се набави и како лек кој делува на симпатичниот нервен систем, создавајќи ефекти како што се зголемување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Меѓутоа, бидејќи допаминот не може да ја помине крвно-мозочната бариера, допаминот даден како медикамент не влијае директно на централниот нервен систем. За да се зголеми дозата на допамин во мозокот на пациенти со болести како Паркинсоновата болест или осетливост на дистонија, може да се препише леводопа кој е предизвикувач на допамин, затоа што може да ја помине крвно-мозочната бариера.