Договор од Прут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Договор од Прут


1711

Потпишан 21 јули 1711
Место Прут
Потписници  Отоманска империја
Русија Руска Империја

Прутскиот мировен договор е договор кој бил потпишан кај реката Прут меѓу Османлиската Империја и Руската Империја на 21 јули 1711 година. Овој договор го означил крајот на Руско-турската војна (1710-1711)[1].

Според договорот, Русија се обврзала да ги врати териториите околу Азовско Море, заедно со градот Таганрог. Освен тоа, неколку руски тврдини требало да бидат разрушени, а рускиот цар ветил дека нема да се меша во работите со Полско-литванската унија[2]. Шведска се разлутила поради прифаќањето на Османлиите. Во следните две години Шведска повторно се обидувала да ја турне Отоманската империја во војна со Русија.

Наводи[уреди]

  1. Treaty of Pruth, Alexander Mikaberidze, Conflict and Conquest in the Islamic World: A Historical Encyclopedia, Vol. 1, ed. Alexander Mikaberidze, (ABC-CLIO, 2011), 726.
  2. Kenneth Meyer Setton, Venice, Austria, and the Turks in the Seventeenth Century, Vol. 192, (The American Philosophical Society, 1991), 422.