Договор од Свиштов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Договор од Свиштов


1791

Потпишан 1746
Потписници  Отоманска империја
 Свето Римско Царство

Свиштовскиот договор е договор со кој завршила Австро-турската војна (1787-1791). Договорот бил потпишан на 4 август 1791 година во Свиштов, денешна Бугарија.

Договорот од Свиштов ставил крај на последната австро-турска војна, т.е. де-јуре меѓу Светата Римска империја и Отоманската империја. Една од причините за брзото завршување на војната од страна на Австрија, покрај воените успеси со зазимањето на Белград и Калафат бил склучениот сојуз меѓу Османлиската империја и Прусија. Освен тоа избувнала и Француската револуција и австриската влада своето внимание го насочила кон Франција.

Поради започнувањето на војните на Наполеон Бонапарт, Австрија ја променила својата тактика кон Балканот. По склучувањето на овој мир, Австрија повеќе не водела војна со Османлиите. Во текот на војната започнало Јагодинското востание на чело со Коча Ангелковиќ. Свиштовскиот договор ги амнестирал учесниците во тие бунтови кога во 1793 година Селим III со ферман истото го потврдил. Освен тоа, Селим III дал слобода на христијанското население, а во 1796 година 45 селски кметови ги изгубиле своите овластувања а наместо нив биле формирани 12 нахии.