Длабочина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Длабочина на нафтениот извор.

Длабочина[1][1] — мерка за вертикалното растојание под хоризонталната рамнина. Висината е сличен поим, но над хоризонталната рамнина. Се мери по вертикалната оска од почетната до саканата точка.

Длабочината има многу значења. Во технологијата постои длабочината на дупка во однос на хоризонталната површина. Во геологијата, длабочината на јамата се мери во однос на површината на Земјата. Длабочината на морето ја одредува мерката на вертикалното растојание од површината на морето до морското дно. Може да се измери и длабочината на садот или шупливите елементи (на пр. чаша, базен, буре, бунар итн.). На човечкото тело, постои, на пример, поимот длабочина на раната (површинска или длабока рана).

Во уметноста како што се книжевноста или филмот, постои поимот длабочина или плиткост на уметничкото дело, што зборува за квалитет и вредност. Длабочина на бојата е поим што ја означува стварноста на прикажување во боја во дигиталната фотографија.[2] Во економијата, длабочината на производната програма се однесува на бројот на производи во одредена производна линија.[3] Длабочина на сиромаштијата е поим што се однесува на оддалеченоста од границата на сиромаштијата.[4] Длабочината на финансискиот пазар е бројот и финансискиот потенцијал на купувачите и продавачите кои влегуваат на пазарот со намера да тргуваат со финансиски средства и инструменти, доколку нивната цена падне или порасне во однос на сегашната.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]