Димче Савевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димче Савевски
Роден(а)Тетово
НационалностМакедонец
Занимањепартизан, генерал и публицист

Димче Савевски (роден во Тетово) — поранешен македонски генерал-мајор, учесник во НОБ и публицист.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Савевски е роден во Тетово. Втората светска војна го затекнала како ученик во тетовската гимназија. Уште во 1941 година се прилкучил во НОБ. Бил затвореник и логораш во Тирана и Драч, Албанија од 1943 година, па сè до капитулацијата на Италија. Бил учесник во првите покрупни партизански единици во Македонија, од борец и раководиел во првата и третата МУБ, 4тата оперативна зона и 16тиот македонски корпус. Учествувал во поважните борби, маршеви, офанзиви и контраофанзиви, во ослободувањето на Кичево, во борбата за одбрана на слободните територии во Западна Македонија, во Мегленско, во Февруарскиот поход, пролетната офанзива и мн. други. По ослободувањето бил активен старешина на ЈНА, разни должности од кои последна му била помошник н акомандантот на третата воена област, кога го добил и чинот генерал. За целото службување, а и по пензионирањето бил активен во општествено-политичкиот живот во ЦК на КПМ, односно на СКМ и Социјалистичкиот Сојуз на Македонија. Еден мандат бил и народен пратеник во Републичкото Собрание. Бил член на републичкиот одбор и на Претседателството на Сојузот на борците на Македонија.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Иљо Антески-Смок“, Центар за информирање и издавачка дејност Полог, Тетово, 1986;
  • Првоборецот и револуционер Илија Антески-Смок“, „Тетово и Тетовско во НОВ 1941–1945“, Тетово, 1991,;
  • Тодор Циповски-Мерџан: време, живот и дело“, Архив на Македонија, „Матица македонска“, Скопје, 1997;

Наводи[уреди | уреди извор]