Димово

Координати: 43°44′29.33″N 22°43′36.04″E / 43.7414806° СГШ; 22.7266778° ИГД / 43.7414806; 22.7266778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Димово
Димово
град
Поглед на градот
Поглед на градот
Димово is located in Бугарија
Димово
Димово
Местоположба на Димово во Бугарија
Координати: 43°44′29.33″N 22°43′36.04″E / 43.7414806° СГШ; 22.7266778° ИГД / 43.7414806; 22.7266778
ЗемјаБугарија
ОбластВидин
ОпштинаДимово
Управа
 • ГрадоначалникСветослав Славчев (Волја, ДПС)
Површина
 • Вкупна15,975 км2 (6,168 ми2)
Надм. вис.&1000000000000007500000075 м
Население (2022)
 • Вкупно1.083
 • Густина68/км2 (180/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код3750
Повик. бр.+359 09341
Мреж. местоdimovo.bg

Димово (бугарски: Димово) — гратче во Северозапдна Бугарија, административен центар на општината Димово во Видинската Област. Има население од околу 1.083 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во западниот дел на Дунавската Рамнина, на 34 километри јужно од регионалниот центар Видин. Димово е сместено покрај реката Арчар, во мала вдлабнатина опкружена со осум долини, на чиј долен крај во Арчар се влева реката Белштица (мештаните ја нарекуваат и Белска Река).

Историја[уреди | уреди извор]

Димово е една од младите населби во Северозападна Бугарија, која настанала во втората половина на 19 век. По освојувањето на Кавказ од страна на Руската Империја во 1862-1864 година, черкеското мухамеданско население беше масовно раселено во Отоманската Империја. Како резултат на оваа политика биле формирани три черкески колонии во Белоградчичката каза - Ѓурѓица (денешното село Ѓургич, Белашница (денешна Горна Бела) и Османије - денешно Димово. Тогаш броела околу 300 черкески семејства, чии куќи биле сместени од двете страни на реката Арчар, меѓу бугарските населби Бела, Костичовци и Макреш.

По опсадата и падот на Белоградчик на 12 февруари (стар стил) 1878 година за време на Руско-турската војна, Черкезите заминале заедно со турските трупи кои се повлекувале. Нивните земји и куќи биле окупирани од Бугари од соседните села и од Бугари од Одринска Тракија, бегалци по прекројувањето на границите по Берлинскиот конгрес.

Уште во 1878 година, на левиот брег на реката Арчар (помеѓу Римскиот мост и локалитетот Попадија) имало околу 73 куќи на бегалци од Тракија. Населбата го добила своето прво бугарско име — Брзица. Од пролетта на 1879 година, повторно на левиот брег на Арчар почнале да се населуваат бугарски семејства од селото Стакевци, кои набрзо пораснале на 60. Втората Брзица на доселениците од Стакевци се споила со првата од „Тракијците“ и населба стана Брзици. Набргу северно од Белската долина, во рабовите на западните ридови, се појавија уште 40 куќи на доселеници од различни старопланински села — Врбово, Прауджда, Граничак и други. Бидејќи Тракијците се с необичен дијалект за регионот и имале обичаи различни од оние на другите доселеници, три години по доаѓањето на Балканџиите, тие постепено емигрирале и оставиле како спомен само име на лолакитетот „Тракјански дол“.

Во мај 1881 година, откако бугарскиот кнез Александар Батенберг застанал и ручал во селото на пат од Белоградчик кон Видин, после тоа Брзици било преименуванo во Александрово.

На почетокот на Балканската војна, едно лице од Бојница доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.[2]

Во 1951 година населбата повторно била преименувана, овој пат во Димово по псевдонимот Димо на локалниот комунистички деец Живко Пуев. На 29 август 1969 година селото било прогласено за град.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 614 и 826.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]